skip to Main Content

(Видео) Вучиќ : Крајно време е за договор со Косово, но ќе е пеколно тешко

(Видео) Вучиќ : Крајно време е за договор со Косово, но ќе е пеколно тешко
  • 18.02.2019

Откако поминаа две децении од еден од најголемите нерешени спорови во Еврота, српскиот претседател Александар Вучиќ за Блумберг изјави дека е конечно време за договор, но призна дека ќе е исклучителнно тешко.

Интервјуто кое год аде Вучиќ за Блумберг, потенцира дека најпрво морат да се укинат таксите, а секој договор мора да содрржи слободнно движење на стока и луѓе.

Откако Атина и Скопје го решија проблемот со името, Блумберг оценува дека меѓународниот притисок се префрла на Вучиќ, од кого се бара со косовскиот претседател Хашим Тачи да работи на постигнување договор.

– Решавањето на спорот меѓу Грција и земјата која сега се вика Република Северна Македонија беше полесно, оценува Вучиќ. – Ќе биде потешко од пеколно тешко, истакна српскиот претседател.

Со постигнување на договорот, на двете страни ќе им се овозможи да се приклуччат на ЕУ, како и на НАТО. Блумберг констатираат дека Србија е клучна во регионот кој е растргнат меѓу конкурентските интереси на надворешни сили. За Србија членстовото во ЕУ ќе значи потенцијален економски раст а со тоа ќе се зацементира и незацисноста на Косово а и ќе се зголеми стабилноста на Балканот. Вучиќ вели дека и тој и Тачи ќе мора да им објаснат на граѓаните дека ниту една страна нема да добие се што сака.

Back To Top