skip to Main Content

(Видео) Во Париз се тестира летечко такси

(Видео) Во Париз се тестира летечко такси
  • 19.09.2019

Зголеменото ниво на загаденост во Париз инспирираше една старт-ап компанија да бара други решенија за превоз преку реката Сена.

Летечкото такси „Бабл“ работи на електрична енергија, не загадува и е тивко. За изработка на едно вакво такси потребни се 200.000 евра, а истото може да достигне брзина и до 18 јазли (33 км/ч). Тест-возењата во Париз моментално се ограничени на 28 км/ч.

Услугата би можела да започне од наредната пролет, информира кабинетот на градоначалникот на Париз. Стартапот „Сибаблс“ во понеделникот веќе го започна 4-дневното тестирање по реката Сена.

Сепак, компанијата вели дека не оди се според планот. Уште при првиот ден по започнувањето на тест-возењата, париската полиција ѝ наредила на компанијата да го сопре „Бабл“.

Косопственикот на фирмата, Алан Тебол, вели дека проблемите со регулативата во Париз го успориле прогресот, па така компанијата вели дека проектот ќе продолжи да го развива во Швајцарија и САД, а не само во Франција.

„Чекаме одобрување за да воспоставиме комерцијална линија од исток до запад, но видете, нема никој на реката“, вели Тебол, па додава дека Франција полека станува како музеј, каде технолошките иновации се подложни на прекомплицирани регулативи.

Париз е град кој ја има една од најгустите мрежи за јавен превоз во светот, со преку 650 возови кој истовремено возат во метежот, а според една превозна компанија, во 2016 година во регионот на Париз регистрирани се 4,7 милијарди патувања со јавен превоз.

Back To Top