skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Орце се жалел, а Заев пријавувал за можниот рекет на бизнисмени?
Далгариан: Мицотакис ќе го блокира Скопје, онолку колку што ќе му дозволат НАТО и ЕУ
СИРИЗА: Среќно враќање во реалноста за Нова демократија
Димитров: Европеизацијата на Северна Македонија ќе биде позитивно и за Грција
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

(Видео) Во Антикорупциска влезе и баџанакот на Џафери, тој тврди дека немал врска со изборот

(Видео) Во Антикорупциска влезе и баџанакот на Џафери, тој тврди дека немал врска со изборот
  • 08.02.2019

Во новиот состав на Антикорупциска влезе и Нури Бајрами, баџанак на претседателот на Собранието Талат Џафери. На прес конференцијата по изборот на членовите на ДКСК, Џафери рече дека не влијаел на изборот на ниеден начин и дека нивната релација нема да влијае врз работата на телото.

-Како вашиот колега новинар влезе во тој состав на антикорупциска комисија? – одговори Џафери со контра прашање до новинарите, кои му забележаа за вакви случаи на „баџанаци“ и во минатото, како баџанакот на екс шефот на УБК Сашо Мијалков.

Џафери рече дека разликата е што сега покрај Собранието и други релеватни институции гласале за избор на Бајрами.

-Разликата е што сега покрај пратениците и претставници на медиумите, невладините организации и Народниот правобранител беа вклучени во изборот. При процесот на испитување имаше и претставници на МАНУ. Во тоа е разликата. Кое влијае имам јас во изборот?. Во чинот на гласање гласав за листата, а не за поединци”, рече Џафери.

Бајрами, кој претходно работел во општина Гостивар, вели дека нема ништо спорно во неговиот избор. Тој тврди него не бил избран од Џафери, туку од членовите на комисијата за селекција, а баџанаци според закон не се роднини. Тој ветува дека ќе се бори против корупцијата, дури и ако во негови раце падне и предмет поврзан со неговиот баџанак.

Мухамед Зекири, претседателот на комисјата за селекција, вели дека членовите на комисијата не го знаеле овој податок пред одлучувањето и дека при изборот се ценела стручноста и настапот на интервјуата на кандидатите.

Back To Top