skip to Main Content

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ ја избра Гордана Силјановска за кандидат за претседателските избори

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ ја избра Гордана Силјановска за кандидат за претседателските избори
  • 16.02.2019

Универзитетската професорка Гордана Силјановска Давкова е кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата на претстојните изборите закажани за 21 април.

Силјановска е избрана попладнево на партиската конвенција со вкупно 408 гласови. Со тоа, ја освои номинацијата уште во првиот круг. На конвенцијата присуствуваа 553 делегати, а гласаа 519.

Силјановска беше еден од деветте кандидати на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата покрај Влатко Ѓорчев, Филип Петровски, Горан Ангелов, Илија Димовски, Сашо Култешовски, Никита Шекутовски, Васко Костов и Ѓорѓи Манасков.

По изборот, им заблагодари на делегатите за довербата. Рече дека многу добила од Макеоднија и дека е време да и врати за тоа.

-Мене ми е јасно дека не може да се оди на избори, а камоли да се победи ако зад вас не застане силна партија, а исто така, некој кој добил доверба од силна партија има обврска постојано да се држи до она што е најважно, односно владеењето на правото не води само во ЕУ, рече Силјановска Давкова во обраќањето по гласањето, негирајќи ги обвинувањата дека е националист.

-Не не сум националист, јас сум за владеење на правото. Законите треба да бидат во рамките на Уставот за да бидат добри. Родена сум во Охрид, во турска куќа, а од 10 години мојот брат има побратим Албанец. Може ли некој кој расте во таква средина да биде националист?, рече професорката.

Потсети на деветте позитивни извештаи од ЕК.

-Советот велеше дека проблемот е во името, е па сега нека размислат. Тие се на ред да и пружат рака на Република Македонија бидјеќи од секогаш сме биле дел од Европа, посочи Силјановска.

Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ jа отвори лидерот на партијата Христијан Мицкоски кој во обраќањето порача дека ВМРО-ДПМНЕ треба да избере човек кој ќе биде претседател на сите граѓани, што ќе ја води државата бестрашно и непоколебливо, човек кој ќе биде гаранција за квалитетот во носењето одлуки, кој ќе се обрзе да ги почитува Уставот и законите.

Back To Top