skip to Main Content

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против Костовски, Џафери и Ибраими

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против Костовски, Џафери и Ибраими
  • 20.01.2019

Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека поднеле кривична пријава против Костовски, Џафери и Ибраими поради Законот за јазиците.

-Организираната група за загрозување на уставниот поредок -мора да одговара за тешки злоупотреби на службената положба и овластување со токму таква намера, да го загрозат уставниот поредок и да нанесат огромна штета врз буџетот на РМ. Директорот на Службен Весник Мартин Костовски, заедно со Талат Џафери и Неџбели Ибраими, свесно, со умисла, и со најава, на криминален начин, вон сите прописи,  овозможија да биде објавен Закон без потпис од претседателот на Република Македонија. Тројцата здружени, објавија Закон и покрај сите јавни експертски толкувања на прописите, спротивно на укажувања од штетноста на такво однесување, како и спротивноста на воспоставената правна пракса; укинат Закон од Уставниот суд на Република Македонија, објавен без потпис на Претседателот. Токму затоа, ВМРО-ДПМНЕ поднесе Кривична пријава против Костовски, Џафери и Ибраими, за Злосторничко здружување, за Злоупотреба на службена положба и овластувања и за Саботажа, дела за кои што се предвидуваат долгогодишни затворски казни, изјави портпаролот на партијата Наум Стоилковски.

На новинарско прашање колку ќе чини имплементацијата на Законот за јазици ако се неопходни стотина вработувања, Стоилковски одговори одговори дека законот е сепак противуставен.

-Тоа што го напоменав беше објавено вчера од вицепремиерот Бујар Османи, во негова изјава каде што спротивно на соопштението на власта дека нема да има нови вработувања, дека нема да има нова инфраструктура, дека нема да има буџетско оптоварување за воведување во правниот систем на овој закон внесен на шверцерски начин противуставно, противзаконски. Неговите пресметки беа дека ќе треба да има нови вработувања, дека ќе треба да има нови институции воспоставување на нови институции и сето тоа дека ќе биде на штета на оптоварување на буџетот на Република Македонија. Тоа што е наш став, тоа што е став на ВМРО-ДПМНЕ е дека овој закон е противуставен, овој закон е донесен на противуставен начин, овој закон е донесен вон процедурите за носење, скршен е и Деловникот, скршени се законите, скршен е и Уставот во однос на неговото објавување,  поднесени се кривични пријави за оваа организирана група од тројца, Директорот на Службен весник, претседателот на Собранието и помошникот секретар на Собранието.

Стоилковски одговараше и на новинарски прашања за загадувањето и за протестите на пазарџиите.

Back To Top