skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
(Видео) Со дрон во Скопје откриен потпалувач на оган
Веќе е извесно дека завршница за предметите на СЈО ќе има
Вистиномер.мк: Химната не е отстранета од образовните програми за основците
Анѓушев: Едно семејство не може да живее со 200 евра плата, минималната плата мора да расте

(Видео) Британските пратеници гласаа за одложување на Брегзит

(Видео) Британските пратеници гласаа за одложување на Брегзит
  • 14.03.2019

Британските пратеници со голем мнозинство, 412 „за“ и 202 „против“,  гласаа за одложување на Брегзит за да излезат од ќорсокакот во преговорите со ЕУ. Според одкуката, премиерката Тереза Меј ќе бара продолжување на Членот 50 од Лисабонскиот договор.

За секое одложување ќе биде потребно едногласно одобрување од сите 27 земји членки на ЕУ. Премиерката Тереза Меј наредниот четврток ќе отпатува на самитот на Европскиот совет во Брисел да го побара одложувањето на разводот.

Практично со истиот план се враќа на преговарачката маса и сега наместо „со или без Договор“ ќе ги заплашува пратениците со „долг или брз Брегзит“. Аргумент ќе ѝ биде дека ако Брегзит се одложи, Британија може да заврши во поблиска врска со ЕУ од планираното или Брегзит да биде отфрлен на втор референдум.

За одложување интервенира и претседателот на Европскиот Совет Доналд Туск, кој ќе ги повика ЕУ лидерите „да бидат отворени за долго одложување“.

-За време на консултациите пред Европскиот Совет, ќе ги повикам 27-те членки да бидат отворени за долго одложување, ако на Британија ѝ биде потребно да размисли повторно за стратегијата за Брегзит и да изгради консензус, напиша Туск на Твитер.

И министерот за надворешни на Ирска Сајмон Ковени рече дека ЕУ може да го одложи Брегзит до 21 месец, што би довело до тоа Лондон суштински да размисли.

Иако во Членот 50 не е предвидено одложување, Меј смета дека би било соодветно да му пише на Туск објаснување зошто го бара и за колку долго. Во тој период сепак мора да остане членка на ЕУ и да ги почитува правилата. Претседателот на ЕК Жан Клод Јункер, пак, е со став дека за продолжувањето мора да се реши пред европските избори на крајот на мај, а и на земјите членки не им е пријатно Лондон да учествува.

-Преговорите беа лоши, не кажаа што точно сакаат и сега сме во хаос.

-Мислам дека не треба да излеземе без договор и не мора да биде одложено. Сакам да реши народот, велат жители на Лондон.

Според аналитичарите, Германија ја има изгубено довербата, но е расположена да помогне за уреден Брегзит, за што се залага и канцеларката Ангела Меркел.

Франција, која дели граница со Британија преку тунелот во Ламанш има повеќе причини да се плаши од неуреден Брегзит, но се очекува претседателот Емануел Макрон да инсистира на строги услови.

На оваа линија е и Италија, која бара Лондон да објасни точно што сака и да каже и колку долго сака да одложи.

Претходно, британските пратеници ги отфрлија предлозите на опозицијата за одложување на Брегзит до 30 јуни и за втор референдум.

Back To Top