skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Орце се жалел, а Заев пријавувал за можниот рекет на бизнисмени?
Далгариан: Мицотакис ќе го блокира Скопје, онолку колку што ќе му дозволат НАТО и ЕУ
СИРИЗА: Среќно враќање во реалноста за Нова демократија
Димитров: Европеизацијата на Северна Македонија ќе биде позитивно и за Грција
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

(Видео) Билјана Младенова во Студио 1: Никола загина поради неприлагодена брзина

(Видео) Билјана Младенова во Студио 1: Никола загина поради неприлагодена брзина
  • 15.03.2019

Месец март на некој начин го симболизира Никола Младенов. Роден е на 10 март, а на 26 загина во контроверзна сообраќајна незгода. Токму затоа вечерва емисијата е посветена на него. За него е пишувано и зборувано многу, но вечерва ексклузивно на 1ТВ можевте да ги чуете размислувањата на неговата сопруга, Билјана Младенова.

Младенова не само што беше сопруга на Никола Младенов, но и долго години го водеше маркетингот на Фокус и беше директор, а сега е шест години е сопственик на брендот.

Има ли нови моменти за истрагата за сообраќајната несреќа на Никола Младенов. Владата на Заев во програмата од 2017 година стави дека институциите ќе помогнат за неколку судски процеси да се дознае вистината, но овие две години не е спомнат случајот.

„Сознанијата со кои јас располагам не ја менуваат претходната фактичка состојба дека Никола загина во сообраќајна несреќа поради неприлагодена брзина, согласно условите на патот. Јас ја разбирам добрата намера на сегашната влада. Луѓето ја изгубија целосно довербата во институциите на системот. Тоа дополнително ги подгреваше сомнежите не само за сообраќајната несреќа на Младенов. Тоа не беше констатација само на граѓаните, туку и од целокупниот меѓународен фактор, добивме оценка дека нашиот правен систем е урнисан и имаме заробена држава. Да бидам децидна. Причината за трагичната сообраќајна несреќа е брзината. Апсолутно немам сомнеж дека стои нешто покрупно“, рече Младенова.

Истагата беше водена „валкано“. Дали сето тоа и одговараше на претходната власт, бидејќи два пати излегуваше истражниот судија на самото место на несреќата?

„И во двете твои тези се согласувам. Првата за мене е поблиска до моите убедувања. Сеење на страв, бидејќи претходната власт не настапуваше од позиција на власт, туку на моќ, таа сама по себе значи сила, силата значи страв“, објасни Младенова.

Ги слушавме бомбите, една прес конференција Заев посвети на Младенов. Што впечаток ти остави тоа што го слушна?

„Слушнав се и сешто. Луѓе кои искрено жалат. Слушнав луѓе кои се потсмеваат. Не сум јас истражен орган, но бев прва која се залагаше да се дознае вистината. По сите сознанија од последниот период кои ги имам јас, причината е брзината која не била усогласена со условите на патот. Има во државава институции кои доколку констатираат нешто ново, нека излезат нека кажат. Јас по толку поминато време, сметам и стојам зад тоа дека Никола Младенов загина поради неприлагодена брзина. Јас сум благодарна на Заев за да излезе вистината на виделина, тој алудираше на тоа дека институциите треба да се преиспитаат внатре дали ја завршиле работата според поставените стандарди“, кажа Младенова.

Имате две ќерки, Ивана постарата и Ана помалата , која од нив го има талентот на Никола за пишување?

„За малата е баш мала и не можам да го препознаам тој апсект, но за големата со сигурност можам да кажам деак го поседува талентот за пишување. Малата која има 10 години ја има харизмата на Никола и онаа аура која зрачеше во средината“.

Кога ќе се сетиш на Никола што прво ти доаѓа на ум?

„Упорност, чесност, човек кој премногу зборуваше, а знаеше и да слуша. Секогаш го почитуваше нашиот став. Единствено компромис не правеше во делот на работата за него. Вистината беше пред се и тука немаше компромис“.

По настап на телевизија, што ќе кажеше Никола кога ќе завршеше разговорот?

„Остваруваме. Ајде Јадранка да одиме во кафана да се напиеме по една пијачка“, рече Младенова на гостувањето во 1ТВ.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

Back To Top