skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Тренд на дезинформации со цел наведување на публиката кон погрешни заклучоци
Грчкиот остров Парос во обид да биде првиот остров без пластика
Кои пет градови се преполни со туристи?
Пронајдена порака во шише стара 50 години
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

(Видео) Бесир Беља: Неколку пати го удрив Никола Саздовски, но не сакав да го убијам

(Видео) Бесир Беља: Неколку пати го удрив Никола Саздовски, но не сакав да го убијам
  • 21.01.2019

Прво имавме вербална расправија а потоа дојде до физичка пресметка, вака  сведочеше Бесир Беља, обвинет за убиството на 20 годишниот Никола Саздовски-Саздо. Во својот исказ, обвинетиот Беља рече дека дента кога бил претепан Саздо, на автуската постојка застанал со автомобил и излегол од него  бидејќи му се причинило дека ја препознал братучетка му. Бил заедно со своите другари Скендер Демири и Јетон Љужа исто така обвинети во овој случај, со кои претходно се договарал да излезат. Беља  не се сеќаваше кој прв го  задал удар.

-Кога се приближив на пет до десет метри до автобуската видов дека таму не е братучетка ми и кога тргнав да си одам, Никола Саздовски лошо ме погледна. Јас го  прашав зошто лошо ме гледа, а потоа Саздовски почна да ме пцуе. Јас исто му возвратив. Потоа се степавме. Го удрив, два, три  пати во пределот на градниот кош од левата страна.  Саздо ми возврати.  Потоа го удрив во десната слабина, а еднаш во десното рамо. Потоа моите другари дојдоа да не раздвојат, а потоа почнаа да се собираат луѓе. Кога си заминавме, Никола беше паднат на земја, сведочеше Бесир Беља.

Адвокатот на семејството Саздовски, Ванчо Шехтански, тврди дека исказот на обвинетиот бил контрадикторен и нелогичен.

На ист став е и таткото на починатото момче.

Исказ даде и обвинетиот Скендер Демири. Тој сведочеше дека излегол од  автомобилот, за да му помогнат на Бења кога почнала тепачката. Ниту тој, не се сеќаваше, кој прв удирал.

На почетокот на својот исказ Беља, кажа дека првично бил обвинет за кривично дело насилство и оти му било понудено од Обвинителството да се спогоди за казната.

Според обвинението, Беља и Демири заедно со Љужа, на 29 јуни, лани, крвнички го претепале Саздовски на автобуската постојка во автокоманда. Беља и Демири се во притовор , Љужа е во бегствто. Против него е распишана меѓународна потерница.

Елена Милошевска

Back To Top