skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
ДКСК: Заев не може да биде премиер и министер за финансии
Заев: Го повлекувам предлогот да бидам и министер за финансии, иако уставот и законите го дозволуваат тоа
Атанасов: Сакав да бидам министер, бидејќи во образованието се прави малку
Весел Мемеди ќе поднесе оставка од функцијата потпретседател на Собранието
Шекеринска: Северна Македонија ќе учествува на сите сензитивни дискусии во НАТО
Димитров: Бугарија и Македонија ќе најдат начин низ пријателство и почит да го решат прашањето за Гоце Делчев
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

(Видео) Алиоски избркан од ресторан во Прилеп – Говор на омраза или дискриминација кон фудбалскиот репрезентативец?

(Видео) Алиоски избркан од ресторан во Прилеп – Говор на омраза или дискриминација кон фудбалскиот репрезентативец?
  • 14.06.2019

Говор на омраза или дискриминација по основ на етничка припадност. Истрагата ќе покаже дали вработените во прилепскиот локал го пречекориле прагот во моментот кога на македонскиот фудбалски репрезентативец Езџан Алиоски му кажале да го напушти угостителскиот објект. Инцидентот кој се случи вчера и ја разбранува македонската јавност, ќе добие разрешница во следните неколку денови, бидејќи полицијата го документирала целиот случај.

Веднаш по добивањето на пријавата, МВР, односно полициската станица во Прилеп, презема соодветни мерки и активности. Веднаш е пронајден сопственикот, направен е разговор со него, исто така направен е разговор со вработените во објектот. Собрани се докази кои што се потребни за да се расчисти овој случај и кога целиот случај ќе се документира односно ќе се соберат сите докази. Ќе биде доставено известување до јавното обвинителство за натамошно постапување, изјави Тони Ангеловски – портпарол на МВР.

Случајот ќе биде предаден во прилепското обвинителство. Од таму за 1тв велат дека постапката за прибавување на докази се уште е во тек.

Во врска со со наведениот настан обавени се информативни разговори и во тек е прибавување на докази за утврдување на постоењена кривично дело, велат од ОЈО Прилеп.

Политиката и спортот не одат рака под рака, новинарите не успеаја да ги искоренат ваквите појави во општеството, навредливите скандирањата на трибините, нетрпеливоста на спортските терени но и надвор од нив. Но вчера Алиоски направи еден вистински спортски потег. Се врати во центарот на Прилеп и на само 50-ина метри од локалот каде се случил инцидентот, учествуваше во хуманитарна акција и беше топло пречекан од присутните. Сето ова беше регистрирано преку камерата на колегата Фуркан Салиу.

– Ми дојде идеја да го замолам Џани да отидеме заедно да донира и да му подари дрес на таткото на Дејан, на Александар. Тој ја прифати идејата, тргнавме за Прилеп и беше многу интересно, цел град до знае Џани Алиоски, ми беше чудно како келнерот не го знаел него. Ова му се случува прв пат и за него беше несфатливо, вели Салиу.

Омразата не игра на наш терен, реагираше и Фудбалската федерација на Македонија, осудувајќи го настанот. Од таму велат дека сите репрезентативци кои го носат националниот дрес се наши најголеми амбасадори и заслужуваат секаква почит. ФФМ ги повика институциите да го расчистат случајот со цел во иднина да не се повторуваат слични проблеми.

Антонио Крстевски

Back To Top