skip to Main Content

Вештачко срце во ранец е нова шанса за живот за штипјанецот Горан Спиров

Вештачко срце во ранец е нова шанса за живот за штипјанецот Горан Спиров
  • 13.09.2018

Горан Спиров е првиот човек со вештачко срце во Македонија. Го носи во градите и поврзано преку цевки во ранец на грбот. Операцијата му е извршена на кардиологијата во Аџибадем Систина во Скопје, со што земјава се впиша меѓу првите на Балканот кои имаат изведено ваква тешка и скапа операција.

-Операцијата е многу сложена, трае од пет до седум часа. Кај него траеше шест часа, затоа што целосно мораше да се отстрани заболеното срце и да се подготви за вградување на вештачкото срце. Кај него се помина добро, тој сега добро функционира и секој ден е се подобар, физички се поактивен, за околу еден месец може да се врати во „нормалниот живот“, се разбира, никогаш нема да може да се занимава со тешки физички работи и спорт, но ќе може да живее и да функционира, вели проф. д-р Александар Николиќ.

-Најтешко ми е што не се откри на време, да не дојде до ова. Сега, кога веќе дојде, ќе терам. Можам да одам, да шетам, немам пробано уште да трчам, ама и тоа ќе го пробам, вели Горан.

Вештачкото ги заменува сите функции на здраво срце и им дава шанса на пациентите да си го продолжат животот додека да се најде донор за трансплантација.

Back To Top