skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева ќе сведочи пред Русковска во 10 часот во вторник
Јанева негира дека дала наредба за претрес на обвинителите
Обвинителот Рустеми сведочи во ОЈО
Стефанова за комуникацијата меѓу Јанева и Камчев: Не сум експерт за криминал
Скопје и Софија ја интензивираат соработката во одбраната
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

(ВИДЕО) Дополнителните косовски царини и натаму остануваат за клучните македонски производи

(ВИДЕО) Дополнителните косовски царини и натаму остануваат за клучните македонски производи
  • 25.07.2018

Иако беше укината дополнителната царина за 16 македонски производи, косовската влада не се откажува од дополнителниот приход при увозот за доматите, пиперките, јаболката, крушите, сливите, малините и грозјето. По денешниот состанок на ЦЕФТА во Белград, министерот за земјоделство, Љупчо Николовски ја поздрави одлуката за делумно укинување на мерката, но ја повика косовската Влада веднаш да ги укине и царините за преостанатите шест производи, со што директна штета трпат македонските земјоделци.

„Сметам дека енергијата која ја дадовме до сега вроди со плод. Вчера на Владина седница, Приштина донесе одлука за повлекување на царината од поголем дел од производите. Но, со оглед на тоа дека на сила се мерки за зголемена царина за дел од производи за кои Македонија има извоз во моментов, бараме укинувањето на одлуката да се случи веднаш. Сметаме дека е потребно  итно отповикување на оваа одлука која е спротивна на ЦЕФТА договорот, но и на СТО. Ние очекуваме Укинување на оваа одлуката“изјави министерот Николовски по состанокот.

На штетата која настанува со оваа мерка на Косово, укажува и министерот за економија, Крешник Бектеши, кој во петок најави состанок со неговиот косовски колега Бајрам Хасани, при што се надева дека наскоро ќе биде постигнато решение.

„Уверен сум дека имаме заедничка цел, а тоа е олеснување на трговијата на Западен Балкан, согласно правилата на ЦЕФТА Договорот и принципите на слободна трговија“ – пишува во соопштението од кабинетот на Бектеши.

И покрај делумното укинување на царината за 16 производи – за што министерот Николовски, ексклузивно информираше во Студио 1, власта не се потпира на случајности и веќе подготвува план Б. Како што најави министерот Николовски од Белград, се разгледуваат мерки за ублажување на штетите кои би ги претрпеле земјоделците.

„Дополнително, работиме на сите анализи и и разгледуваме опции за  дополнителните мерки кои Владата ги носи постојано, а се во интерес на земјоделците. Всушност, согласно денешните заклучоци секоја земја си го задржува правото да носи, да презема свои мерки и политики во функција на заштита на домашната економија и на домашното производство“ – додаде Николовски.

Инаку, на денешниот состанок, министрите се согласиле дека се потребни реформи со ЦЕФТА за да се олесни трговијата за Западен Балкан во иднина, а бил донесен и заклучок за елиминирање на сите останати трговски бариери, воведени од земјите членки. Извори на 1ТВ брифираат дека делумното укинување на царините се должи најмногу на преговорите со македонската страна како најзасегната од косовската мерка. Министрите на другите земји, според истите извори, во разговорите настапувале поиндиферентно, со резервиран притисок кон властите на Косово.

Христијан Баневски

Back To Top