skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Атина бара исполнување на сите обврски од Договорот од Преспа
Пратеници бараат изборен модел со една изборна единица
Тимот на СЈО разрешен, предметите во рацете на Јовески
ВМРО-ДПМНЕ бара смена на Русковска – на шефовското место да седи професор

Ван Бален: Македонија покажа храброст, се надевам дека ќе гласа ЗА

Ван Бален: Македонија покажа храброст, се надевам дека ќе гласа ЗА
  • 19.09.2018

За функционерите од ЕУ што изминатите денови ја посетија Македонија, референдумот е значаен затоа што покажува дека земјава излегла од изолација и сега може да се зборува за преговори и членство, вели холандскиот европратеник Ханс ван Бален, кој е исто така и претседател на групата „Пријатели на Македонија“ во Европскиот парламент и претседател на АЛДЕ.

-Мислам дека Македонија се покажа многу храбра. Има нова влада која покажува поголема отвореност и ова е добра земја и затоа треба да зборуваме за пристапување што е можно поскоро, но тоа треба да се случи по референдумот. Оттука се надевам дека ќе се гласа ЗА, вели тој.

Според него, поканата македонскиот премиер Заев да говори пред Европскиот Парламент значи дека Македонија повторно се враќа на европската мапа.

-И тие што претходно не знаеја за Македонија сега се добро запознаени. Беше многу важен тој говор како за Македонија така и за ЕУ. Ние сме пријатели и сме поврзани, и тоа кажува не дека сте мала земја, туку земја сама по себе и тоа е важно, вели Ван Бален.

Тој објаснува дека пред 15 години Македонија беше во добра позиција да преговара со ЕУ за членство, но пречка беше прашањето со името. Како што вели, демократските избори и Договорите со Бугарија и со Грција покажале дека оваа влада работи за целата земја, а не само за сопствената партија.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

Back To Top