skip to Main Content

Валандово привлекува инвестиции во одгледувањето канабис – разговор во Централниот дневник

Валандово привлекува инвестиции во одгледувањето канабис – разговор во Централниот дневник
  • 23.05.2019

Валандово во изминатите месеци беше многу актуелно поради најавите за отворање на рудници, но во моментов темата е затворена, вели градоначалникот Перо Костадинов, благодарение на граѓаните кои се изборија за тоа.

-Тоа беше предвесник на едно ново време во кое гласот на граѓаните мора да биде слушнат. Многу е битно што се реши тоа прашање затоа што ние како локална самоуправа и општина се враќаме на тоа што е дефинирано од претходните системи, дека тој крај на нашата држава е најидеален за земјоделство. Заедно со Владата го почнуваме проектот „Јужна вардарска долина“, втора фаза, во вредност од околу 25 милиони евра, кој е директна стимулација за земјоделците во нашиот крај и индиректно треба да донесе многу позитивни ефекти, вели тој.

Додава дека со досегашните и идните инфраструктурни проекти сакаат да го стават Валандово на културната и туристичката мапа и да ги вратат луѓето во градот на песната. Но пред сѐ како плодно земјиште погодно за раноградинарски култури, Валандово се надева да привлече и дел од компаниите кои аплицираат да одгледуваат канабис.

-Очекуваме многу брзо да почнат да функционираат и тие да бидат раздвижувачи на локалниот економски развој, да апсорбираат дел од невработените. Се надевам дека со таа спирала ќе успееме пред сѐ младите да ги задржиме во нашите средини, вели Костадинов.

Целиот разговор можете да го погледнете во Студио 1.

Back To Top