skip to Main Content

Бучковски во Студио 1: Заев ќе ја плати цената на претседателските или на идните парламентарни избори

Бучковски во Студио 1: Заев ќе ја плати цената на претседателските или на идните парламентарни избори
  • 21.01.2019

Денешното Отворено Студио 1 го завршуваме со гостување на поранешниот премиер на Република Македонија и професор на Правен факултет Владо Бучковски, кој изминатите месеци ја покажа поддршката за преспанскиот договор.

„Мислам дека секој кој во изминатите 27 години бил дел од овој процес има должност кон граѓаните. Ако добро се сеќавам наскоро ќе се заврши година од средбите на премиерите Заев и Ципрас кои направија чудо. Јас бев поддржувач уште во почетокот, затоа знам дека единствениот пат кој ги отвора вратите за ЕУ и НАТО е овој договор“, рече Бучковски, кој додаде дека исклучително го цени напорот на преговарачкиот тим, но дека има забелешки на тоа што се случуваше по постигнувањето на договорот, како и дека Заев ќе ја плати цената на предвремените парламентарни или редовните претседателски избори.

 

 

За територијалната реорганизација на Македонија, патриотизмот, тензиите, катастрофалниот пораз на ВМРО-ДПМНЕ во 2002 година, како и цената која ќе ја плати Заев за постигнувањето на преспанскиот договор, која најмногу ќе се одрази на претседателските избори, како и кој би можел да биде кандидат за овие избори од кадрите на СДСМ, за уставните измени како и носењето на законот за јазици и калкулациите околу можноста за предвремени парламентарни избори, очекувања од членството во НАТО, погледнете го видеото во продолжение:

Back To Top