skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Орце се жалел, а Заев пријавувал за можниот рекет на бизнисмени?
Далгариан: Мицотакис ќе го блокира Скопје, онолку колку што ќе му дозволат НАТО и ЕУ
СИРИЗА: Среќно враќање во реалноста за Нова демократија
Димитров: Европеизацијата на Северна Македонија ќе биде позитивно и за Грција
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

(Видео) Нинџа: Бришкоска-Бошковски му нареди на Велјаноски да ги отвори вратите на Собранието, таа го отфрла исказот како невистинит

(Видео) Нинџа: Бришкоска-Бошковски му нареди на Велјаноски да ги отвори вратите на Собранието, таа го отфрла исказот како невистинит
  • 06.12.2018

Поранешната заменичка во Министерството за правда Билјана Бришкоска-Бошковски во смс порака за 1ТВ целосно го отфрла обвинувањето од Александар Василевски-Нинџа. Тој директно ја посочи Бришкоска-Бошковски како еден од координаторите на нередите кои се случија на 27-ми април во Законодавниот дом.

Таа вели дека е запрепастена од невистинитоста на овој исказ и го отфрли во целост. 1ТВ ја покани да даде изјава пред камера, меѓутоа таа се извини велјеќи дека е премногу вознемирена од невистинитиот исказ и останува на изјавата од пораката.

-Во врска со наводите пренесени во медиумите од сведочењето на обвинетото лице Александар Василевски, можам само да изјавам дека сум запрепастена од невистинитоста на исказот на сведокот кој се однесува на мене и целосно го отфрлам како неточен, вели Бришкоска-Бошкоски за 1ТВ.

На денешното сведочење во Кривичниот суд, Нинџа изјави дека Билјана Бришкоска-Бошковски го контактирала Трајко Велјаноски од осмиот кат на седиштетото на ВМРО-ДПМНЕ и му дала наредба да бидат отворени влезните врати во Собранието.

– Билјана Бришкоска-Бошковска комуницираше со Трајко Вељаноски, кој даваше насоки за состојбата внатре. Миле Јанакиески и Спиро Ристевски комуницираа со Бетмен. Кирил Божиновски ги викаше сите општински комитети од цела Македонија да дојдат во Скопје по директива од партијата. Чавков имаше комуникација со Ивица Вучевски и Митко Пешов. За некое време дојде и директорот на УБК Владимир Атанасовски. Тука, сакам да нагласам дека се координираше сето тоа што се случи на 27 април. Како што доаѓаше масата кон Собранието, така наредбите беа подиректни. Бришкоска-Бошковска кажуваше дека првото сценарио не успеало, дека пратениците не ја завршиле својата работа, не предизвикале тепачки, по што дојде насока од неа, му се јави на Вељаноски и му кажа да се отворат вратите во Собранието. Бев во штабот до 19.15 часот. По што директорот Владимир Атанасовски ми рече да одам на терен и да известувам што се случило, рече Нинџа.

Билјана Бришкоска-Бошковски е обвинета во предметот „Титаник“ на СЈО за злосторничко здружување и фалсификување исправа.

Антонио Крстевски

Back To Top