skip to Main Content

Бошков: Газдите се криви за ниските плати на работниците

Бошков: Газдите се криви за ниските плати на работниците
  • 02.05.2018

Работодавците се одговорни за ниските плати на работниците. Навиката да се исплаќаат 12.000 денари плата, ни дава состојби од кои не сме многу среќни – се иселува квалитетна работна сила. Затоа тие ќе мора да платат повеќе за да ги задржат своите вработени. Ова во интервју за 1ТВ го истакна Миле Бошков, претседател на Бизнис конфедерацијата на Македонија.

Тој потенцира дека работодавците не треба да чекаат „ветер во грб“ од Владата, односно финансиска помош за да бидат одговорни кон своите вработени и реално да го вреднуваат нивниот труд.

„Работодавците се навикнати или да се жалат или да бидат поддржани, а кога не се ни поддржани, а слабо се жалат, тогаш наоѓаат неверојатни решенија за свое преживување“- вели Бошков.

Тој верува дека мерката која ја најави вчера Премиерот Зоран Заев, како директна финансиска поддршка од 30 отсто од растот на бруто платите на работниците во трудоинтензивните дејности, реално ќе ги покачи платите на работниците. Од владиниот план за економски раст очекува раст на економијата. Целото интервју погледнете го во видеото.

Back To Top