skip to Main Content

Борбата на модерниот Робин Худ за легализација на медицинскиот канабис – Достовски во „Лица“

Борбата на модерниот Робин Худ за легализација на медицинскиот канабис – Достовски во „Лица“
  • 17.06.2019

Филип Достовски е еден од најамбициозните активисти за легализација на медицинскиот канабис. Неговото лековито дејство го открива поради несреќна околност, кога дознава дека боледува од рак.

Почнува да го користи за да си помогне самиот себеси, но набрзо станува „модерен Робин Худ“ и почнува да им помага на луѓе кои се наоѓаат во ист очај за лек за карцином, иако полицијата го апсела за дилерство, а судот го гонел кривично.

Неговата приказна се менува на 15-годишна возраст кога, бегајќи од часови, за да добие лекарско оправдание, дознава дека нешто не е во ред и од клиника на клиника тргнува во потрага по својата дијагноза.

Неговата борба за легализација на канабисот за медицински цели ја води на тенка линија меѓу законот и хуманоста и се обидува да ги убеди властите да го направат достапно за сите граѓани маслото од канабис што му го спасило животот.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

Back To Top