skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Обвинителството го стави под лупа бегството на Груевски
1ТВ ја презеде медиумската лидерска позиција
Европските Зелени го обвинуваат Орбан дека се обидува да предизвика конфликт
Заев: Груевски е кукавица, категорично ги отфрлам сите шпекулации за каков било политички договор со него
Груевски илегално влегол во Албанија, а со пасош излегол на границата со Црна Гора
Иванов одбива каква било инволвираност во врска со донесената судска одлука за Јанакиески
Заев-Борисов: Нашите две земји се пример за новата реалност на Балканот
1ТВ достапна на Тотал ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK

Богојески: Големо разочарување во ЕПП од ВМРО-ДПМНЕ

Богојески: Големо разочарување во ЕПП од ВМРО-ДПМНЕ
  • 08.11.2018

Огромно разочарување постои во ЕПП од постапките на ВМРО-ДПМНЕ. Петар Богојески, во телефонска изјава за 1ТВ вели дека тоа произлегува од дадени ветувања кои партијата не ги исполнила. Станува збор за ветувања кои раководството ги дало во претходните неколку месеци, вели еден од реформаторите, но не сакаше да прецизира за какви ветувања станува збор.

– Што ветувале и како ветувале, не би сакал јас да презентирам. Најдобро е секој да си каже за себе. Јас, она што е мое е да разговарам да кажам дека во Република Македонија европската агенда не смее да биде монополизирана, од една политичка партија. Во ВМРО-ДПМНЕ има огромно мнозинство на активисти и членови поддржувачи на евро-атлантската иднина на земјата и дека постои европско ВМРО во ВМРО-ДПМНЕ и тоа може да го забрза процесот на интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО. И таа порака наидува на огромно одобрување на овие средби, изјави Богојески.

ВМРО-ДПМНЕ е можеби единствената партија која во Хелсинки, на конгресот на Европската Народна Партија, отпатува со две делегации. Едната е составена од исклучените Никола Тодоров, Емилија Александрова и Петар Богојески, а во другата која ја предводи Христијан Мицкоски, друштво му прават Александар Николоски и Влатко Ѓорчев.

Тодоров по средбата со Еврокомесарот Јоханес Хан, на социјалните мрежи напиша дека разговарале за евро-перспективите на Македонија и за заканите и притисоците со кои се соочуваат сите кои мислат поинаку од партиското раководство.

– Беше истакната и неопходноста од демократизација на партијата преку измена на статутот на партијата со цел ВМРО ДПМНЕ да продолжи да дејствува како европска, модерна центар-десна партија. Од страна на Евро-Комесарот беше потенцирано дека заканите и притисоците мора да запрат, и беше изразена јасна подршка за одлучните и храбри чекори кои се во правец на интеграција на Македонија во Европската Унија, напиша Тодоров.

По средбата „твитна“ и Хан, порачувајќи дека нападите кон нив мора да престанат.

– Одлична средба со колегите Богојески, Александрова и Тодоров на ЕПП самитот. Честитки за храброста да гласаат за Договорот од Преспа, и воедно порачувам дека сите напади кон нив мора да сопрат. Сите партии треба да работат на членството во ЕУ, напиша Хан.

Во одбрана на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за отворање на процесот за уставни измени застана и германската политичарка Дорис Пак. Според неа неприфатливо е осумтемина пратеници од ВМРО кои гласаа за договорот со Грција и за европска иднина на земјата сега да се соочуваат со закани и да се третираат како криминалци.

Антонио Крстевски

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top