skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Продолжува комисиската расправа за одземање на имунитетот на Вељаноски
В понеделник оставка од Котевски, но и извештај од истрагата за инцидентите
Манчевски: Неколку дена пред Конгресот на СДСМ ќе биде познат кандидатот за претседател
Осудените за „Диво насеље“ со отворено писмо до Ахмети, Груевски и Мијалков
Мицкоски: Поддршката за Силјановска Давкова е поддршка за правната држава
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Богојевски: Ако ве убедиле во катарзата, јасно ми е зошто Груевски владееше во Македонија

Богојевски: Ако ве убедиле во катарзата, јасно ми е зошто Груевски владееше во Македонија
  • 24.10.2018

Со телефонски разговор со Александар Николовски потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ кој моментално се наоѓа во Приштина, започна анализата за случувањата во партијата во Отвореното Студио 1.

Николовски во разговорот истакна дека тоа што Палмер не оствари средба со Мицкоски не значи изолација на ВМРО-ДПМНЕ или пак некаква порака, но и дека и претходно доаѓале државници кои остарувале средба само со владини претставници.  Во разговорот тој зборуваше и за исклучувањето на Мијалков, евроатланската ориентација на партијата, како и за катарзата, односно коалиција Заев-Мијалков, која претходно ја спомена по завршувањето на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. Одби да го коментира ставот на Јанчев дека ВМРО-ДПМНЕ не треба да биде султан партија, како и тоа дека нема да учествуваат во Комисијата за помирување и дека бараат закон за амнестија за учесниците во 27 април.

Анализата продолжи со гостинот Петар Богојевски, поранешен генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

„Доколку успеале да ве убедат во сказната за деца за катарзата и реформирањето на ВМРО-ДПМНЕ тогаш ми е јасно зошто Никола Груевски толку лесно и толку долго владееше во Република Македонија“ – истакна Богојевски, барајќи аналитичност од медиумите при преност на информациите.

Тој истакна дека Мицкоски стана претседател на партијата поради поддршката на Мијалков, но дека за пензионирање на Груевски  биле спремни да прифатат чудо од лидери.

За актуелните случувања во партијата, особено по исклучувањето на членови од неа, проследете го разговорот во видеото.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top