Богоевски во Централниот дневник на 1ТВ: Собранието не треба да се стави во позиција да ја попречува работата на судот

Собраниската комисија расправа за одземањето на пратеничкиот имунитет на Трајко Вељаноски. На оваа тема во централниот дневник на 1ТВ линковски се вклучи Игор Стфановски, чиј соговорник беше Павле Богоевски, претседател на комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, кој зборуваше за тоа како тече расправата.
-Овие два дена имавме жестока дискусија сепак станува збор за барање за одземање на имунитет на пратеник кој десет години бил претседател на овој законодавен дом. И разбирливо е дека емоциите се прилично високи и од двете страни. Што се однесува до ставот на владејачкото мнозинство, мојот личен став имавте прилика да го чуете, во рамките на дискусијата на седницата, односно нашиот став е дека како и до сега кога судот побарал одземање на имунитет на пратеник, Собранието не треба да се стави во позиција да ја попречува работата на судот. Вистина е дека доколку го одземеме имунитетот ова ќе биде осми пратеник на кој му е одземен, но јас тука не гледам ништо проблематично од аспект на самата бројка. За секој од тие луѓе се водеа кривични постапки и наша должност е тоа да го процесираме, рече Богоевски.
Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.