skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
ДКСК: Заев не може да биде премиер и министер за финансии
Заев: Го повлекувам предлогот да бидам и министер за финансии, иако уставот и законите го дозволуваат тоа
Атанасов: Сакав да бидам министер, бидејќи во образованието се прави малку
Весел Мемеди ќе поднесе оставка од функцијата потпретседател на Собранието
Шекеринска: Северна Македонија ќе учествува на сите сензитивни дискусии во НАТО
Димитров: Бугарија и Македонија ќе најдат начин низ пријателство и почит да го решат прашањето за Гоце Делчев
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Беџети е против легализација на дивоградбите на Матка ама нема да ги урива

Беџети е против легализација на дивоградбите на Матка ама нема да ги урива
  • 21.03.2019

Градоначалникот на општина Сарај Блерим Беџети признава дека трите платформи изградени во спортско-рекреативиот центар Матка се бесправно изградени и е против нивна легализација но за сега нема да ги урива затоа што тие веќе се во постапка на легализација.

На денешната средба со новинарите Беџети тврдеше дека на парцелите каде што се наоѓаат спорните платформи не се гради затоа што тоа го утврдиле инспекциските служби на општината. Тој обвини дека Град Скопје не сака да соработува со општина Сарај за да се најде најдоброто решение за развој и стопанисување со спортско-рекреативниот центар Матка.

Од Град Скопје пак велат дека ја охрабруваат општина Сарај да постапи согласно со своите законски надлежности кога се дивоградбите во прашање. Портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салии ги потврди информациите на Беџети дека минатата година имало заеднички состаноци меѓу Градот и претставници на УНДП и министерството за животна средина на која се разговарало за иднината на Матка без при тоа да спомене дали на тие средби присуствувале и претставници на општина Сарај.

Државната комисија за спречување на корупција вчера отвори предмет за случајот Матка бидејќи, како што рече претседателката Билјана Ивановска, институциите се прогласиле за ненадлежни.

Искра Опетческа

Back To Top