skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева ќе сведочи пред Русковска во 10 часот во вторник
Јанева негира дека дала наредба за претрес на обвинителите
Обвинителот Рустеми сведочи во ОЈО
Стефанова за комуникацијата меѓу Јанева и Камчев: Не сум експерт за криминал
Скопје и Софија ја интензивираат соработката во одбраната
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Беше ли судството жртва на надежта за членство во НАТО и ЕУ – тема во „Правда и неправда“

Беше ли судството жртва на надежта за членство во НАТО и ЕУ – тема во „Правда и неправда“
  • 15.01.2019

Колку силен удар на судството и обвинителството им нанесоа политичките пазарења, амнестијата, измените во Кривичниот законик и се што се направи во име на повисоки цели е темата на која Гордана Дувњак во „Правда и неправда“ разговара со гостите, поранешниот претседател на Врховен суд Дане Илиев и обвинителот Коста Петровски, поранешен член на Советот на јавни обвинители.

-Ако гледате потесно дали Законот за амнестија вредеше, сигурно вредеше. Ако гледате потесно дали тој закон направи штета во судството, мислам дека не, бидејќи Собранието е тоа кое носеше политичка одлука дали ќе донесе закон за амнестија или не. Тоа само по себе не може да влијае врз судиите и судството, но пошироко влијае и го гази принципот на владеење на правото, на еднаквост на граѓаните пред законот, го погазува правото сторителите на кривични дела да добијат соодветна казна по закон… Тоа само по себе има последици врз правниот поредок и владеењето на правото, смета Илиев.

-Амнестијата што ја имаме сега, јас би ја нарекол уникатна, од технички аспект, до сега такви амнестии немам видено ни кај нас ни на друго место, но се изведе така како што се изведе, значи изводлива е. Во законот за амнестија има одредба во која вели дека одлуката кој ќе биде амнестиран ја носи првостепениот суд кој ја донел пресудата. Во случајов пресуда немавме, или имавме одредени пресуди, но не за главниот настан. Сепак, штета е голем збор. Амнестијата по моја оценка не нанесе штета, имаме типичен случај на „целта ги оправдува средствата“, од друга страна, амнестијата е за еднократна употреба. Таа има влијание во амбиентот во правосудството, не е во согласност со реформските зафати испорачани од ЕУ за доверба меѓу извршната и судската власт, но добро е што е еднократна и нема да остави други последици, изјави Петровски.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

Back To Top