skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
(Видео) Со дрон во Скопје откриен потпалувач на оган
Веќе е извесно дека завршница за предметите на СЈО ќе има
Вистиномер.мк: Химната не е отстранета од образовните програми за основците
Анѓушев: Едно семејство не може да живее со 200 евра плата, минималната плата мора да расте

Бектеши без прецизен одговор дали ќе биде „сметен“ од функцијата, верува во економските бројки

Бектеши без прецизен одговор дали ќе биде „сметен“ од функцијата, верува во економските бројки
  • 19.05.2019

Две недели пред заигрување на метлата на премиерот Зоран Заев, ги натера функционерите да се бранат пред јавноста. Министерот за економија Крешник Бектеши убеден во бројките во неговиот ресор. Тој не се согласува за префрлување на економските сектори, бидејќи статистиката покажувала раст на индустријата, туризмот, трговијата… Но, Бектеши без конкретен одговор дали очекува да биде „сметен“ од владиниот двор.

„Не е моја работа да направам анализи и да му предлагам на мандатарот кој ќе биде изменет или кој не“, вели министерот за економија Крешник Бектеши.

И додека министрите се правдаат, „операцијата метла“ е во подготовка. Се крчкаат имињата на функционерите кои ќе бидат опфатени со владиното проветрување. Во СДСМ ќе претходи анализа за сработеното, кое ќе биде основ за разрешувањата. Во најава е и средба Заев –Ахмети, како и со другите коалициони партнтери. Терминот „метла“ ги лути ДУИ. За опозицијата ВМРО ДПМНЕ „метлата“ е кај граѓаните.

Според најавите, функционерите кои не покажале резултати ќе бидат меѓу разрешените. Владиното „метење“ ќе почне на почетокот на јуни, а кон крајот на наредниот месец, во најава и други кадровски промени во јавните претпријатија. Ниту еден актуелен функционер не смета дека не си ја сработел својата работа, а самоиницијативни оставки нема.

Игор Стефановски

Back To Top