skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Надлежности на претседателот на Републиката
Отворена телефонската линија кај Омбудсманот за пријавување повреди на избирачко право
Јонкер: Набљудувачите ќе бидат рамномерно распоредени низ државата
За победа во прв круг потребни над 900 илјади гласови
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Плаќањето во кеш до 2.000 евра ќе спречи перење пари преку банка

Плаќањето во кеш до 2.000 евра ќе спречи перење пари преку банка
  • 19.07.2018

Банкарите контра бизнисот – плаќањето во кеш до 2.000 евра ќе спречи перење пари преку банка. Велат Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам е добар и ќе овозможи банките да не бидат злоупотребени во системот на перење на пари и финансирање на тероризам. Тие одамна ги применуваат поригорозните контроли за перење на пари зошто 70 насто од банкарскиот сектор во земјава е во сопственост на групации кои се со седишта во ЕУ.

„ Со Законот за спречување на перење на пари и финансирање на тероризам се овозможува висок степен на усогласеност со европската регулатива на спречување на користење на финансискиот систем за целите на перење пари и финансирање на тероризам. За клиентите на банките, тоа ќе значи поцврсти релации и соработка со банките, за да банките имаат повеќе информации при дефинирањето на нивниот ризичен профил. Шпаркасе Банка Македонија,  од првиот ден на имплементацијата на новиот Закон,  започна со едукација и совети за вработените и клиентите на Банката. Ова се прави во рамките на редовното работење, при што се настојува усогласувањето на работењето да се одвива без било какви негативни ефекти во деловните односи со клиентите.“- изјави Глигор Бишев, Претседател на Управен одбор на Шпаркасе Банка.

И од НЛБ Банка велат дека новините во Законот нема значајно да влијаат на работењето со клиентите и предвидуваат промени со цел обезбедување правна сигурност и заштита од перење пари и финансирање на тероризам.

„Законот предвидува задолжителна идентификација на носители на јавни функции во Македонија. Клиентите кои влегуваат во оваа категорија ќе треба да извршат идентификација во банките. Со пополнување на соодветна изјава, банките врз основа на проценка на ризик  одлучуваат за одобрување/продолжување на деловниот однос. Потоа потребно е банките да го идентификуваат и верификуваат  вистинскиот сопственик на правно лице – компанијата како задолжителен предуслов без кој банките не можат да воспостават/продолжат деловниот однос, што е пракса и во други европски земји “ – велат од НЛБ Банка.

Инаку Комората на Северозападна Македонија вчера се пожали дека спуштањето на границата за плаќање во кеш од 15.000 на 2.000 евра, ќе биде на штета на стопанството. Реагираа дека не се подготвени да ги прават и процените за перење на пари за клиентите и на астрономските глоби од 5.000 до 80.000 евра доколку погрешат. Побараа одлагање на примената на Законот. Прашаа и зошто со Законот, акцентот на контрола е на компаниите, а не на казината и обложувалниците кои се потенцијана опасност за перење пари и се главна цел за контрола со европската директива која со законот  се имплементира и кај нас.

Од јануари наредната година прагот за плаќање во кеш треба да се намали на 1.000 евра, а од јуни на 500 евра. Плаќањето преку банка треба да ја намали неформалната  економија во земјава.

Александра Филиповска

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top