skip to Main Content

„Аутопсија на љубовта“ – крешендо против монотонијата, книга на Моџо Килингтон

„Аутопсија на љубовта“ – крешендо против монотонијата, книга на Моџо Килингтон
  • 22.04.2019

„Аутопсија на љубовта“ е книга издадена под идентитетот Моџо Килингтон, кој му припаѓа на еден урбан лик, познат меѓу твитерџиите и како Павле Трајанов, а со вистинско име Божидар Божиновски.

-Има 130 страници… пола година некаде. Секоја вечер по една песна да излезе од мене, за брзо е напишана, поезијата не бара многу време, 10 минути пред спиење ако немаш што да правиш попаметно. Во 3 часот се легнати луѓето, статуси џабе, вели тој, со извинување до МАНУ и до Друштвото на писатели што неговиот процес на пишување е несериозен.

Како што вели, љубовта и општествено-политичката состојба во Македонија се неисцрпни теми.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

Back To Top