skip to Main Content

Атмосфера на страв во Унгарија и несоработка во Србија – раскажуваат репортерите на 1ТВ кои ја следеа трагата на Груевски

Атмосфера на страв во Унгарија и несоработка во Србија – раскажуваат репортерите на 1ТВ кои ја следеа трагата на Груевски
  • 19.11.2018

Со репортерите на 1ТВ Кристина Атовска и Влатко Чаловски кои ја следеа трагата на побегнатиот поранешен премиер Никола Груевски во Црна Гора, Србија и Унгарија, уредникот на денот Сашо Орданоски разговара за тоа како бил проследен настанот од тамошните медиуми и опозицијата.

-Опозиционерите беа подготвени за разговор, но таму има навистина една состојба на страв. Дури и колегите од провладините медиуми зборуваа со нас само зад камерите, не сакаа да застанат никако пред камера. Само медиумите кои се сметаат за опозициски разговараа со нас. Моментот на линковско вклучување во живо од пред вилата на Орбан за нив беше изненадување и шок. Сите мислеа дека сме загрозени, ни нудеа правна помош, вели Атовска за атмосферата во Унгарија, каде што бегалецот чека азил.

-Со моите контакти во Белград, штом пристигнавме, се интересиравме за тоа која е агендата на Александар Вучиќ и Ивица Дачиќ. Колегите новинари велат – Вучиќ денеска има прием на висок претставник од Бундестагот од Германија. Решивме да одиме таму. Колешката од Србија не советуваше да не одиме бидејќи се се одвива според протокол, само со видео инсерти. Тоа ме потсети на едно време што го поминавме ние, немаш слобода да прашаш. За волја на вистината, информациите се движеа многу побрзо во Будимпешта отколку во Србија. За тие два дена колку што бевме немаше владин став за сите шпекулации поврзани со Груевски, разкажува Чаловски.

Од Собранието преку линк се јави новинарката Весна Велковска, која вели дека Координативното тело за помирување работи и бара форма за амнестирање на сите обвинети, и директните и индиректните учесници во инцидентите од 27 април.

Со оглед на тоа дека за нив е во тек судска постапка, веројатно ќе се бара преформулирање на кривичното дело „тероризам“.

-Законското решение што треба да произлезе од Координативното тело за помирување се уште е во фаза на разгледување и учесниците во ова предлог-законско решение се уште изнаоѓаме начини како сето тоа да се регулира формално-правно, а сепак да не му наштетиме на правниот процес на државата и на владеењето на правото. Треба да бидеме внимателни, тоа е сензитивен процес и на крајот да посочам дека тоа беше едно од нашите четири барања поврзани со подадената рака на премиерот Заев за помирување, како што кажа на пленарната седница, изјави Емилија Александрова од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Целиот разговор и линкот погледнете ги во видеото.

Back To Top