skip to Main Content

Атанасов: Преземаме превентивни мерки да спречиме влез на африканската свинска шума

Атанасов: Преземаме превентивни мерки да спречиме влез на африканската свинска шума
  • 08.08.2019

Африканската свинска чума тропа на границите, а ако ги помине, тоа би било катастрофа за македонското свињарство, затоа што станува збор за стопанска гранка којашто е доведена до профитабилност. Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов потврди во Централниот дневник дека болеста не е дијагностицирана во земјава и дека се преземаат сите превентивни мерки за да не се појави, вклучувајќи и отстрел на дивите свињи заради контрола на бројот и проверка.

-Кај дивите свињи во Бугарија е дијагностициран вирусот. Не можеме да го спречиме движењето на дивите животни, затоа сакаме превентивно да ја откриеме во најрана фаза за да преземеме уште посилни превентивни мерки, вели тој.

Главната битка е да не се појави на фармите, кои во земјава ги има околу 2.400, но над 110 од нив се големи комерцијални фарми, на кои од 130.000 отпаѓаат дури 110.000 од свињите во земјава.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

Back To Top