skip to Main Content

Апелациските судии носат одлука што со пресудата во случајот со малот Алмир

Апелациските судии носат одлука што со пресудата во случајот со малот Алмир
  • 01.10.2018

Судењето за малиот Алмир пред второстепена одлука. Обвинителството бара повисоки казни за Бобан Илиќ, Сами Демири и Абдула Алиу, но не и за таткото на малиот Алмир, Седат Алиу. Адвокатот на Илиќ, Стеван Павлески очекува ослободителна пресуда, зашто Илиќ немало каде да оди, делото, тврди го сторил само во одбрана. Илиќ пред апелационите судии рече дека му е жал, тврди не би повредил никого, особено дете.

Адвокатот на семејството Алиу, Асмир Алиспахиќ очекува дека судскиот процесот ќе се врати одновно.

„Јас се надевам дека и верувам дека Апелациониот суд сериозно ќе ги разгледа нашите очекувања како и укажувањата на колегата Стеван Павлески во делот на правилната или непримената на материјалното право, бидејќи јас уште од самит почеток тврдам дека не може Бобан Илиќ осуден за ова кривично дело коешто осуден сега, зашто тоа не е сообраќајка како што ЈО сака да претстави“, изјави бранителот на семејството Алиу, адвокатот Асмир Алиспахиќ.

Сепак, за обвинетиот Бобан Илиќ во постапката останува кривичното дело сообраќајка со смртни последици. Обвителеството не го преквалификува делото во убиство со умисла, како што бара семејаството Алиу.

За трагичната смрт на Алмир и преку протести се бараше преквалификација на делото.

Кумановскиот суд во април годинава пресуди шест години затвор за Бобан Илиќ. За тројцата роднини на малиот Алмир Алиу судот донесе затворски казни од шест до девет месеци.

Четиригодишниот Алмир беше прегазен со автомобил летоска пред две години. Од наводна расправа во кумановската болница за тоа кој е на ред до тепачка –  Бобан Илиќ во обид да избега со автомобилот го прегази четиригодишниот Алмир кој набрзо почина.

Игор Стефановски

Back To Top