skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева со полициска придружба замина за Гевгелија
Законски нејаснотии кој ќе управува со СЈО по приведувањето на Јанева
Судењето за „Монструм“ одложено за 5 септември
Се запали автубус на ЈСП во Ѓоче Петров
Косовското Собрание се самораспушти, се очекува датумот за избори
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Антикорупциска вели дека фирмата на советникот Усеини не може да руши дивоградби во Охрид

Антикорупциска вели дека фирмата на советникот Усеини не може да руши дивоградби во Охрид
  • 16.07.2019

Фирмата на советникот Нефи Усеини не може да го добие тендерот за рушење на дивоградби во Охрид. Антикорупциската комисијата е децидна дека фирмата на Усеини или негови блиски роднини не може да воспостави деловни односи со општината, бидејќи тоа ќе претставува судир на интереси и прекршување на членот 51 од Законот за спречување на корупцијата.

Службено лице во вршењето на својата функција, јавни овластувања или должности не може да воспостави деловни односи со правно лице кое е во негова сопственост или во сопственост на член на неговото семејство или во кое тој или член на неговото семејство поседува акции или удели или кое го основал тој или член на неговото семејство или во кое одговорното лице е член на неговото семејство, велат од ДКСК.

Усеини периодов е доста популарен во медиумите поради фактот што е сопственик на дивоградбата кај Чинарот која и покрај сите апели беше отворена и почна со работа. Исто така охридскиот советник е и на бетонска база на стариот пат од Охрид кон Струга. Целта на учеството на неговата фирма во тендерот е рушење на дивоградбите како дел од процесот за зачувување на статусот на Охрид како заштитен град од УНЕСКО.

– Вие мислите дека општината може да се справи со овој проблем? Со еден градежен инспектор и со 1,5 милиони денари за отстранување на бесправно изградени објетки. Тоа е проблем. Охрид не е само на охриѓани, Охрид е светско културно наследство и државата треба да се погрижи за доведување во ред на состојбите кои што се години наназад извадени од колосек, изјави Георгиески.

Георгиески но и предводникот на делегацијата која го бранеше Охрид во Баку, на сесијата на УНЕСКО, Едмонд Адеми велат дека и покрај бројката од 400 објекти кои се наоѓаат во заштитениот појас, најмногу 10-тина од нив се дивоградби. Велат дека до февруари најголем дел од нив ќе бидат расчистени.

Антонио Крстевски

Back To Top