skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
ДКСК: Заев не може да биде премиер и министер за финансии
Заев: Го повлекувам предлогот да бидам и министер за финансии, иако уставот и законите го дозволуваат тоа
Атанасов: Сакав да бидам министер, бидејќи во образованието се прави малку
Весел Мемеди ќе поднесе оставка од функцијата потпретседател на Собранието
Шекеринска: Северна Македонија ќе учествува на сите сензитивни дискусии во НАТО
Димитров: Бугарија и Македонија ќе најдат начин низ пријателство и почит да го решат прашањето за Гоце Делчев
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Антикорупционерите ќе ја проверуваат јавната администрација за време на изборите

Антикорупционерите ќе ја проверуваат јавната администрација за време на изборите
  • 24.03.2019

Антикорупционерите ќе ги проверуваат вработените во јавната администрација дали во работно време учествуваат во изборната кампања. Испратено било и барање до сите јавни институции да достават список на нивните службени возила, со цел изготвување на база на податоци која ќе може да ја користат невладините организации и набљудувачите на изборите, вели претседателката на Антикорупциска Комисија.

– Намерата е да спречиме незаконско користење на буџетски капацитети, во случајов службени возила, имајќи ги предвид информациите од претходни изборни кампањи дека во најголем број случаи се злоупотребуваат службени возила. Исто така, знаејќи дека се злоупотребуваат и човечките ресурси, односно вработените во јавната администрација, вели Ивановска за Радио Слободна Европа.

Во меѓувреме Државната Изборна Комисија ги предупреди партиите и претседателските кандидати, кои во изминатиот период редовно известуваа за своите активности низ земјава, да не ја почнуваат кампањата предвреме. Се побара доследно да се почитуваат законските одредби и сериозно да се следат сите пропишани правила во Изборниот законик.

Државната изборна комисија ги распиша претседателските избори на 8 февруари. Изборната кампања пак почнува за една недела – на први април а ќе трае до 19 по што следува изборниот молк. Првиот изборен круг за шестите претседателски избори е закажан за 21 април, додека пак вториот за 5 мај.

Овој изборен процес ќе биде со особено внимание проследен од Европската Комисија , а начинот на неговото спроведување ќе влијае на статусот на Република Северна Македонија во процесот на евроинтеграциите.

Лепа Џундева

Back To Top