skip to Main Content

Андреевска: Скандалозно е фестивалот „Денови на македонската музика“ да остане без пари

Андреевска: Скандалозно е фестивалот „Денови на македонската музика“ да остане без пари
  • 15.03.2019

Гостин во Отвореното Студио 1 беше Јана Андреевска, уметнички раководител на манифестацијата „Денови на македонската музика“, која даде свој став за бришење на фестивалот со ревидирање на годишната програма од Министерството за култура.

Како го толкувате овој потег од Министерството за култура и какви последици има врз културното поле кај нас?

Мојот одговор е дека просто ова што се случува не може со разумот да се опфати. Не можеме да го разбереме. Морам да кажам дека уште во првата објава на резултатите од конкурствот, нашите средства беа скратени повеќе од половина. Ние се надевавме дека со ревизијата ќе се корегира оваа сума, наспроти тоа се случи вакво нешто, воопшто да не сме присутни на тој список за финансиска поддршка. Во моментов имаме  буџет од нула денари за реализација на манифестација, која е посветена на современото македонско музичко творештво“, рече Андреевска која потврди дека има бурни реакции на социјалните мрежи, но и од нејзини колеги во странство.

Која е причината за ваквата одлука?

„Можеме да имаме многу претпоставки. Ние имаме некакви гласови што се случувало таму. Би било неблагодарно да го засноваме јавното мнение на неофицијална гласина. Јас мислам дека пред се треба да се престане не само во ова министерство, туку во цело општество да  именуваат членови на комисии, исклучиво како партиски играчи. Јас немам ништо против одредени функционери да припаѓаат на одредени партии, но мора да се гледа прво нивната компетентност“, кажа Андреевска.

Дали се направило пазар со второто ревидирање, кое е образложението за кратењето на средствата, зошто во минатото не биле спорни одредени фестивали, дали постојат нови правила и што ќе се случува понатаму со манифестацијата, погледнете го разговорот во видеото.

Back To Top