skip to Main Content

Анализа во Студио 1 – Опциите пред поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ по партискиот став за референдумот

Анализа во Студио 1 – Опциите пред поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ по партискиот став за референдумот
  • 12.09.2018

Легитимно е граѓаните кои не веруваат во решенијата од Преспанскиот договор да се изјаснат „против“, вели заменик генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Петар Богоевски, но, како што објаснува, бидејќи ставот на партијата е широк и остава можности за самоопределување, тој повикува на масовно гласање.

-Одлуката граѓаните да ја донесат самите бидејќи, прво, не би отстапил одлуката да биде во рамки на институциите, затоа што е историска, второ, не е фер пратениците да се товарат со толкава тежина без да се даде граѓански филтер, вели тој.

Според Игор Есмеров, поранешен член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен амбасадор, тврдењата дека можело да биде постигнат подобар договор се непоткрепени.

-Без разлика дали ќе гласа граѓанството „против“ или „за“, ако гласа „за“, ќе го пренебрегнеме овој проблем, доколку гласа „против“, исто така е легитимно, ќе дадеме до знаење дека македонскиот народ е против оваа опција и тогаш би можеле да почнат нови преговори, изјави Есмеров и додаде дека Договорот го потпиша легитимна влада, признаена од целиот свет, а беше најавен и во предизборието.

-Најважно од се е граѓаните да излезат на овој референдум, бидејќи референдумот е највисок чин на директна демократија, нагласи Есмеров и потсетува дека идејата ја иницираше ВМРО-ДПМНЕ пред 25 години, а кога дојде моментот, партијата има чуден став и праќа несериозна порака кон меѓународната заедница.

Разговорот можете да го погледнете во видеото.

Back To Top