skip to Main Content

Анализа во Студио 1 на призмата низ која АВМУ ја гледа емисијата „Мода“ на Сергеј

Анализа во Студио 1 на призмата низ која АВМУ ја гледа емисијата „Мода“ на Сергеј
  • 20.09.2018

Вокабуларот, начинот на изразување и содржината што ја третира Сергеј Варошлија се цел на претставка на АВМУ, за која тој и уредничката Анета Кочишки дебатираа со денешните гости во Студио 1. Не е најден говор на омраза, но АВМУ го цитира Член 61 за повреда на развојот на хуманите и моралните вредности на човекот и заштитата на приватноста.

-Вокабуларот како вокабулар, ако е на граница на пристојност, ако не ја прејде таа црвена линија и ако не премине во непристојност, не е спорно да се дозволи, со тоа што, според мене, би било поцелисходно, како што сме и вечерва овдека, таа комуникација, ако може да се дозволи, да биде двонасочна, затоа што секоја засегната личност, ако не и дадете можност да одговори, не може да се одбрани или да реплицира, вели Зоран Фидановски, новинар и член на Советот на АВМУ од ЗНМ, нагласувајќи дека изнесува сопствен став, додека ставот на Агенцијата го изразува само директорот.

-Ако го рашириш „паблик“ тоа што си се сликал, што си јадел, тоа е веќе јавно. Фејсбук е веќе медиум и има пресуди во Стразбур. Една министерка, мислам дека беше од Белгија, реагираше бидејќи објавиле нејзина слика како купува нешто, се сликала. Пресудата гласи во насока на тоа – Фејсбук е медиум, има правила, штом си објавила, тоа е веќе јавно, вели Столе Наумов, новинар и уредник во Канал 77 и поранешен член на советот на АВМУ.

-Дури и да има претставка, дури и да сакале едукативно да ве предупредат, прво нема за што да ви пишуваат писмено, туку ќе ве повикаат вас како водител, директорот, сопственикот на телевизијата, и едукативно ќе ви кажат „видете, внимавајте на такви зборови, може да се случи да ви напишеме претставка“ и тука ќе завршеше приказната, вели Виктор Грозданов, медиумски работник.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

Back To Top