Анализа во Студио 1 на оставката на амбасадорката на САД во ОН Ники Хејли

Во делот од отвореното Студио 1 посветено на вестите од светот, со колегата Дејан Андоновиќ ја анализираме оставката на американската амбасадорка во ОН Ники Хејли, со што, како што велат американските експерти, администрацијата на Доналд Трамп го изгуби и последниот глас на разумот.
Како што објаснува Андоновиќ, најверојатни се три причини – поради премногу острата реторика против Русија во ОН, дека ќе се кандидира за претседател против Трамп на изборите во 2020 или 2024 година, но и можноста дека сака да се префрли на повеќе платена позиција во администрацијата.
Се шпекулира и кој ќе дојде на нејзиното место, а во кулоарите на Белата Куќа најгласно се споменува името на ќерката на претседателот, Иванка Трамп.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.