skip to Main Content

Анализа во Студио 1 на одлуката на Апелација за екс премиерот Груевски

Анализа во Студио 1 на одлуката на Апелација за екс премиерот Груевски
  • 05.10.2018

Одлуката на Апелација го преквалификув екс премиерот Никола Груевски од обвинето во осудено лице. Пресудата е конечна и тој е осуден на две години казна затвор. Иако може да вложи жалба пред Врховен суд, редовните правни лекови се исцрпени, смета правниот консултант Андреј Божиновски.

-Моментално нема никаква жалба што би имала суспензивно дејство во овој случај. Пресудата е и правосилна и ефективна, упатува на издржување на двегодишна казна затвор, вели Божиновски.

Како што објаснува, судијата за одредување на санкциите има рок од 8 дена да ги подготви сите услови за издржување на казната. Врз основа на таа одлука, обвинетиот Груевски има две опции – првата е жалба со рок од три дена, но без суспензивно дејство и втората, барање за одложување на казната како во случајот со екс премиерот Владо Бучковски. Сепак, барањето за одложување се користи многу ретко и тоа само врз осум основи, кои Груевски не ги исполнува за разлика од Бучковски. Божиновски објаснува дека казната за Ѓоко Поповски е поголема отколку таа на Груевски затоа што во казненото право се гледа кој е извршител, а кој нарачател на кривичното дело.

-Во овој случај Ѓоко Поповски беше извршител на должноста, инфлагрантно го извршил делото што екс премиерот му го наредил. Конкретно, во случајот „Тенк“ екс премиерот се товареше за нелегално стекнување на имотна корист, но лицето кое директно го извршува кривичното дело има поголема кривична одговорност.

Back To Top