skip to Main Content

Александар Маленко ексклузивно во „Лица“ за својот приватен и професионален живот

Александар Маленко ексклузивно во „Лица“ за својот приватен и професионален живот
  • 24.06.2019

Во денешната емисија „Лица“ за својот животен пат и професионалната борба раскажува македонската пливачка легенда Александар Маленко. Насловите што преовладуваат за него се дека е рекордер – во пливање, број на сопруги, број на деца.

Со пливање почнува во Охридско Езеро, а прво тренира со еден од основачите на македонското пливање Александар Леко Радиќ, кој го открива неговиот талент. Првпат настапува како член на Охридски бранови во 1987, на двомеч Охрид-Струга.

-Наредната 1988-1989, веќе на 10 години, на интернационални, познати, сега веќе и традиционални натпревари во пливање, во Белград, Бања Лука… клучно мислам за бавење со професионално пливање беше тоа што станав државен првак на тогашната федерација Југославија, во Бања Лука пионерски првак и во 1992 година, на последното државно првенство на Југославија станав сениорски првак на 13 години. Немаше назад, раскажува Маленко и потсетува дека во тоа време образовниот систем имал чувство за национален интерес.

Спортските успеси во тој период биле позастапени во медиумите, а тој со своите резултати станал познат на многу млада возраст. Имал период кога тешко се носел со сето тоа, но успеал да не направи грешки некој да биде повреден од неговите постапки. Ако нешто му е жал и срам во моментов, е тоа што во пливачкиот спорт се изгубени 15 до 17 генерации.

-Кога денеска ќе прочитате дека Александар Маленко со своите 15 години, во 1994, пред 25 години, е сѐ уште носител на рекорд во пионерска или кадетска категорија на 1.500 метри слободно, тоа е четврт век. Поразително е дека поминале повеќе години отколку што сум имал. Државата, луѓето што го воделе спортот, пливањето, не створиле ништо, вели Маленко.

После олимписките игри во Атина во 2004 се откажува од спортот, бидејќи, како што вели, се создале катастрофални услови, наменски, медиумски, државни и политички за да го снема. Според него, им пречел на многумина поради неговото непремолчување и критики и постојаната борба за сите заслужни спортисти во државава.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

Back To Top