skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Грчки воени авиони почнаа да прелетуваат на небото над Македонија за потребите на НАТО мисијата „Air Policing“
Заев: Ќе има политичка криза ако не добиеме датум за преговори
Бродот на мирот со порака за Договорот од Преспа пристигна на атинското пристаниште Пиреа
Китанов: Автопатот Миладиновци-Штип, според проектот, е готов
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Азманов се извини – рекет не му бил побаран од 1ТВ

Азманов се извини – рекет не му бил побаран од 1ТВ
  • 19.02.2019

Конфузни ставови и ретерирање на бизнисменот Зоран Азманов, поврзани со неговото интервју за емисијата „Македонски Инасјдер“ кое не се снимаше. Прво тврдеше дека 1ТВ од него бара рекет, за подоцна Азманов да го промени ставот.

„Не знам дали е прав изразот рекет. Еве се извинувам ако сум погрешил. Се извинувам, можеби тоа не е рекет, меѓутоа дека работите се решаваат со пари имаме и гледаме пред целата јавност“, изјави бизнисменот Зоран Азманов.

Бизнисменот Азманов пред еден месец пред новинарите тврдеше дека од него Бојан Јовановски и 1ТВ бараат рекет од 50.000 евра или стан. Но, за тоа немаше докази.

„Во петокот ми беа побарани пари за да немам никакви проблеми, 50.000 евра или стан. Преку телефон. – Кој ви ги побара? – Бојан Јовановски. Во 1.51 го имам телефонскиот повик. -Можете ли да ни покажете каде што вели дајте ми 50.000 евра? – Кој ќе ви бара пари со СМС порака“, вака зборуваше бизнисменот Азманот на прес конференцијата одржана на 21 јануари.

По објавувањето на емисијата „Македонски Инсајдер“, Азманов пред камерите не прецизира конкретна сума.

„Не сум барал. – А, од вас е барано пари? – Не е барано пари, туку можело да се реши проблемот за некоја сума пари. – Која сума? Кажано е сè. – 50.000 евра ви барале или колку? – Ќе ви кажам после емисијата“, вели сега Азманов.

Азманов прво пред медиумите тврдеше дека во емисијата „Македонски Инсајдер“ не му било дадено збор. Во емисијата којашто се емитуваше во неделата беа изнесени писмени одговори на бизнисменот, кој иако вети, не одговори на сите новинарски прашања, откако претходно по негово барање му беа испратени. Прашањата Азманов ги доби во петокот, а одговорите ги испрати во раните утрински часови во неделата. Но, не беше и достапен за тимот на „Македонски Инсајдер“ да одговори во камера. Азманов сам додели листи на новинарите кога комуницирал со екипата на „Македонски Инсајдер“. Според листинзите доцна попладнето во саботата на новинар на 1ТВ одговорил:

„Те молам денес ако зборувате за мене во најава барем кажете дека Азманов бил отсутен и дека се враќа во понеделник и дека ќе оговори на сите обвинувања со аргументи и докази“, пишува Азманов во порака на новинар на 1ТВ.

Пред медиумите тврдеше дека новинарите на „Македонски Инсјадер“ не го барале за да го снимаат во камера, за подоцна да прецизира и термин.

Кога сакате, кога сакате, секогаш сум спремен – Кажете ајде термин. – Вие кажете. – Не, еве вие кажете. – Утре. – Термин? – Утре имам состаноци, ајде во четврток“, вели Азманов.

Уредничкиот колегиум на 1ТВ најостро ги осудува ставовите на Азманов, кои по најновата прес конференција признава дека имал лажно обвинување за рекет.

Игор Стефановски

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top