skip to Main Content

Што треба да знаете ако патувате со вашиот миленик­?

Што треба да знаете ако патувате со вашиот миленик­?
  • 04.04.2018

Ако и вие сте еден од оние кои сакаат да патуваат со својот домашен миленик, не заборавајте да ги прочитате овие совети!

Не заборавајте го пасошот на миленикот. Без оглед на тоа дали патувате во границите на вашата земја или во странство, не заборавајте да го понесете пасошот на вашиот миленик.

Консултирајте се со ветеринарот. Пред да отпатувате на магичната дестинација со вашето домашно милениче, разговарајте со ветеринар. Консултирајте се дали миленикот треба да прими специјални вакцина, и како да го заштитите од одредени болести кон кои се склони животни во некои земји.

Не заборавајте да понесете лекови во случај да потребни и истражете каде се наоѓа најблискиот ветеринар во градот во кој ќе патувате.

Планирајте однапред каде ќе преноќите. Тешко е да сте спонтани кога патувате со милениче. Ако немате намера да спиете во шатор, мора да изнајмите хотелска соба или некое друго сместување. Затоа е важно однапред да проверите кои хотели ви овозможуваат да престојувате со миленичето.

Безбедноста е на прво место. Без оглед на тоа дали вашето домашно милениче патува со автомобил, автобус, воз или авион,неговата безбедност е на прво место. Миленичето ќе биде најбезбедно ако го транспортирате во соодветен кафез.

Обидете се да ја задржите вашата дневна рутина. Кога сте на пат не е лесно да ги следите секојдневните домашни навики,но кога е во прашање вашето милениче обидете се да ја задржите рутината. Чувајте го во исто како дома, одете на прошетки и спијте во исто време. На овој начин ќе му помогнете да се адаптира на новото место побрзо и полесно.

Back To Top