skip to Main Content

Хелбах: Партиите да го поддржат референдумот, за Германија секогаш ќе бидете Македонци

Хелбах: Партиите да го поддржат референдумот, за Германија секогаш ќе бидете Македонци
  • 03.09.2018

Нема друга алтернатива за Македонија, освен членството во НАТО, изјави шефот на македонската дипломатија Никола Димитров на тркалезна маса „Евроатлантска иднина за Македонија?”.

-Предолго чекавме на вратата за влез во организацијата која со ЕУ се стратешка цел на Македонија. Ова не е политичко прашање, ова е државничко од кое зависи иднината на државата, рече Димитров.

Прашан за позицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Димитров рече дека ова е период пред кој политичарите треба да преземат одговорност, а секако народот е тој кој ќе одлучи на референдумот кој цврсто верувам дека ќе биде успешен.

Специјалниот претставник на германското МНР за Југоисточна Европа, Турција и државите од ЕФТА, Кристијан Хелбах ја пренесе поддршката од Германија за постигнатиот договор меѓу Македонија и Грција и за референдумот, кој, како што рече, е од огромна важност за иднината на државата.

-Германија сака стабилна Македонија и стабилен регион, а за поддршката која ние ја даваме и сметаме колку е важно ова прашање, говорат и посетата на канцеларката Ангела Меркел, германската министерка за одбрана, како и државниот претставник на германското МНР во Скопје наскоро. Ги повикуваме сите политички субјекти да не го оспоруваат овој многу важен процес и активно да се вклучат и да придонесат. Вие засекогаш ќе останете Македонци со македонски јазик за нас“, рече Хелбах.

Back To Top