skip to Main Content

Филип Петровски бара пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да си поднесат оставки

Филип Петровски бара пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да си поднесат оставки
  • 03.04.2018

Поранешниот висок функционер од ВМРО-ДПМНЕ, контроверзниот Филип Петровски, сега од позција на член на демократската фракција во ВМРО-ДПМНЕ, бара од раковоството радикални чекори.  Петровски смета дека сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ треба да поднесат неотовиклива оставка. Само на тој начин, вели, ќе биде предизвикана власта, која, според него, е нелегитимна.

-Нашата партија не прави грешки туку прави редици од грешки. Грешките се на секојдневно ниво и се позагрозувачки по интересите на партијата, членството и иднината на државата. Загрозувањето тргна од тајните преговори со Заев. Како што гледам преговорите финиширале на обострано задоволство на Заев и Мицкоски. Изјавија дека партиските комисии се договориле за се и сега ќе ги усвојуваат реформските закони. Во меѓу време ради театар за македонската јавност ќе се правела интерпелација. Не г-дине Заев и г-дине Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ не треба да ви направи интерпелации, ВМРО-ДПМНЕ не смее да го признае Џафери за легитимен, затоа што не е избран со 61 пратеник – изјави Петровски на денешната прес конференција на Фракцијата на која беше соопштено за нејзино окрупнување.

 Како што велат од фракцијата, формирање на нова партија не доаѓа во предвид, затоа што нивна матична партија е ВМРО-ДПМНЕ. Остануваат таму за да ја реформираат и демократизираат.

-Најавувам дека ќе се придружат нови членови, граѓански здруженија принудени да се формираат затоа што не можат да се изразат во ВМРО-ДПМНЕ. По кратко време ќе станеме доминантна структура. Ние сме сите од ВМРО-ДПМНЕ, тоа што не можеме да се изразиме во внатре партиските органи, не принудува да комуницираме со членовите на овој начин – рече Петревски.

Од Фракцијата бараат промена на статутот и за изборот на лидерите да одлучува членството.

Извор: www.fokus.mk

Back To Top