skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
ЈО побара продолжување на притворот на Јанева за нови 30 дена
Калајџиев ќе биде предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за нов Јавен обвинител?
Алијанса за Албанците: Режимот ВМРО-ДУИ го монтираше, судовите на СДСМ-ДУИ пресудија, бараме меѓународна истрага за „Диво Насеље“
Македонија ги исполни сите услови – на ред е ЕУ

Томески: Механизацијата е застарена, фали и квалитетен кадар во противпожарната служба

Томески: Механизацијата е застарена, фали и квалитетен кадар во противпожарната служба
  • 27.07.2018

За брзото ширење на пожарите како тој во Грција придонесува големото присуство на вегетација, заедно со метеоролошките услови. На таквите локации се создаваат микроклиматски услови за побрзо ширење на огнот и потешко справување со него, објаснува командирот на противпожарната служба во Скопје Ѕвонко Томевски.

-Најзастапена причина за пожари на територија на град Скопје или пошироко во републиката е човечкиот фактор. Најчесто е невнимание, подметнувањата се во многу мал број, што е утврдено како факт. Имаме и неколку случаи на настанување од природни причини, како удар на гром, вели Томевски.

Според него, ако се случи во Македонија пожар како тој на Атика, нашата пожарникарска служба би се соочила со многу недостатоци – и во кадар и во механизација.

-Возниот парк ни е многу застарен, во околината на градот има доста непристапен терен, возилата се толку застарени што во одредени случаи се нефункционални. Во однос на човечките ресурси со кои располага единицата, првпат по 25 години колку што сум вработен во единицата, бројноста падна под 200, а предвидени се 384 работни места. Работиме со пополнетост од 50% и сето тоа се предизвици во работењето, вели Томевски.

Како што додава, за сега се справувале успешно со сите ситуации, но не знаеме каква непогода ќе не зафати. Затоа, освен системот за заштита и спасување кој мора да биде функционален, и граѓаните треба да покажат свесност со паркираните возила, натрупаните подруми и неисправните хидранти.

Back To Top