Студио 1 тема: Глобален протест за иднината

Повеќе од милион и пол млади излегоа на улиците на 2069 градови во 125 земји во светот на првиот Глобален климатски протест на 15-ти март.
На вториот глобален протест на 24-ти мај, бројката ќе биде уште поголема: овој пат покрај младите ќе излезат и сите други, во борбата за спас на светскиот екосистем од климатските промени.
Скопје повторно ќе биде дел од светскиот штрајк, затоа што е критична точка на континентот кога станува збор за загадувањето, и нашите власти мораат да вложат повеќекратно поголем напор од останатите да ја поправат состојбата со животната средина на долг рок, а не да го игнорираат проблемот како досега.
Fridays for Future Skopje во периодот што следи ќе одржува настани секој петок, за покачување на свеста кај граѓаните за климатските промени и масовна излезност на 24-ти мај, заедно со целата планета, со која ќе го извршиме потребниот притисок за нашите лидери да си ја завршат работата.
Гостин во Отворено Студио 1 беше Никола Јовановски, студент и активист за заштита на животната средина, за кого не е изненадување она што во Македонија овие протести не се масовни.
„Освен не свесноста за тежината на проблемот, сметаме дека не можеме да направиме големи промени како мала земја. Тоа е една од причините за слабиот одзив. Сепак оваа година имаше повеќе учесници од минатата. На моите врсници сакам да им предложам и да ги повикам да се вложиме во нашето опкружување. Ако некој околу нас не го прави тоа, не значи дека ние не треба да започнеме и да испратиме силна порака. Премногу е важен проблемот за да не повикаме на промена. Климатските проблеми создаваат и други проблеми. Јас сум подолго време активист и си го сакам Скопје. Не сакам кога ќе пораснам да гледам меланхолични слика за тоа како било, туку напротив, убави слики од денешното Скопје.
Целиот разговор погледнете го во видеото:
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.