skip to Main Content

Сладолед инспириран од високата мода

Сладолед инспириран од високата мода
  • 18.04.2018

Како резултат на соработката помеѓу брендот Magnum и италијанската модна куќа Moschino, сладоледот којшто го создал Џереми Скот ќе биде достапен за купување во Magnum x Moschino Pleasure Store pup up бутикот во Лондон, покрај бројните други уникатни предмети.

Лансиран на 29-ти јуни, овој pop up бутик ќе биде отворен се’ до 10-ти септември, каде сите љубители на сладоледот ќе може да уживаат персонализирајќи ги своите вкусни и уникатни Magnum креации. На располагање ќе биде цел dipping бар, којшто содржи повеќе од 20 топинзи – од морска сол до најразлични бобинки.

 Интерактивните искуства и ваквите случувања се интересен начин за промовирање на една соработка, а стилот на Скот и смелоста на брендот Moschino се сосема очигледни во овој простор. Инаку, Moschino и Magnum ја проширија својата соработка и создадоа Release the Beast компанија којашто го слави Magnum Double и ги охрабрува фановите да ја ослободат целата своја храброст и да го искажат својот став.

Ова инаку и не е прв пат за Magnum сладоледите да остварат соработка со модни куќи – пред речиси три години, тие остварија соработка и со Dolce & Gabbana и заедно создадоа дизајнерска линија на сладоледи во строго ограничено издание.

 

Back To Top