skip to Main Content

Скандалозно, недипломатско однесување на рускиот амбасадор во Скопје

Скандалозно, недипломатско однесување на рускиот амбасадор во Скопје
  • 04.04.2018

На вчерашниот собир за поддршка на Русија организиран од партијата „Единствена Македонија“ на Јанко Бачев кој се одржа пред Руската амбасада во Скопје се обрати и Рускиот амбасадор во Македонија, Олег Шчербак. Најголемо внимание од неговиот говор предизвика делот во кој тој се заблагодари за навредите кои присутните на протестот ги кажаа за премиерот Зоран Заев.

Според повеќе екс дипломати, ваквото однесување на рускиот амбасадор може да се толкува како дополнителна провокација кон македонските власти. Поведението на првиот претставник на Кремаљ во Скопје во одредени ракми излегува и надвор од Виенската дипломатска конвенција.

Иако на протестот не беа присутни повеќе од стотина граѓани, сепак амбасадорот Шчербак ја искористи приликата и  директно го спомена минатонеделното протерување на рускиот дипломат од Македонија, по што следуваа лавина на рекации од присутните против владата и лично кон премиерот Заев.

– „Да се протера Зоки Заев“, „Ние сме окупирани“, „Ние сме окупирани од НАТО“, „Со Русија сме“, „Народот е исплашен“, на што Шчербак одговори со „Знам“, па следуваа коментарите – „Заев, копиле муртинско“, „У Сирија таму нека смирува, да му е..м, све да му е..м“. Шчербак на ова се насмеа по што кажа – „Спасибо за ваши комментарии“, односно „Ви благодарам за вашите коментари“. Шчербак додаде и дека одлуката за протерување на дипломатот била избрзана, повикувајќи се на лажното чувство на солидарност кон Велика Британија и дека нанесува голема штета на билатералната соработка.

По ова насобраните аплаудираа и викаа „Русија, Русија, Русија“…

Имајќи превдид дека протестот за поддршка се оддржуваше непосредно пред влезот на руската амбасада во Скопје,  самото излегување на амбасадорот надвор од територијата на амбасадата во момент кога има насобрана толпа граѓани, а и самото обраќање пред присутните може да се толкува како директна провокација и намера да предизвика дополнитени реакции од власта или од други про-западни поддржувачи, кои додатно ќе ги усложнат односите што само по себе е недипломатско, велат западни дипломати со кои 1ТВ контактираше денес.

 

К.Е.

 

Back To Top