skip to Main Content

Коутс: Русија сака да ги ослабне и подели САД

Коутс: Русија сака да ги ослабне и подели САД
  • 03.08.2018

Русија продолжува со обидите да ги ослабне и подели САД со тоа што се меша во американскиот изборен процес и во политичката дебата, изјави директорот на американската Национална разузнавачка заедница Ден Коутс на вчерашната прес конференција во Белата куќа.

– Разузнавачката заедница и понатаму е вознемирена од заканите за идните избори во САД, како за изборите во Конгресот (што ќе се одржат на есен) така и за претседателските во 2020 година, посочуи Коутс.

Според него незаконските активности вклучуваат криминални обиди за ограничување на гласањето и незаконско финансирање на предизборни камшањи, кибер нападот врз изборната инфраструктура и друго.

– Тоа е закана, која треба многу сериозно да ја сфатиме, предупреди и директорот на Федерално истражно биро (ФБИ), Кристофер Реј, додавајќи оти ФБИ веќе почнало истрага за мешање во изборите.

Тој додаде дека има сознанија дека Русите се обиделе да ги хакиратт комјутерите и да украдат информации за кандидатите и за владините службениви.

– Русија не е единствена земја која се обидува да влијае врз изборите во САД.

Коутс и Реј учествуваа на прес конференција на која информираа какви мерки презема администрацијата на Трам за да ја гарантира безбедноста на изборите.

Back To Top