skip to Main Content

Кацарска: Статусот на СЈО во фокусот на земјите-членки за носење на одлуката за датум за преговори со земјава

Кацарска: Статусот на СЈО во фокусот на земјите-членки за носење на одлуката за датум за преговори со земјава
  • 17.04.2019

Гостин во Централниот дневник на 1ТВ беше Симонида Кацарска од Институтот за европска политика.

Говорејќи за поглавјето 23 односно делот на правосудството, Кацарска вели дека се забележува усвојувањето на клучните реформски закони, Законот за судовите, за судскиот совет, но и оти допрва претстои нивна имплементација.

„Во однос на клучните наоди позитивно е инклузивното носење на законите за судовите и судскиот совет, во смисла дека работата за тие закони траеше долго каде беа вклучени многу чинители како и Венецијанската комисија.

Овие два закони се уште чекаат потпис и допрва треба да ја видиме инивната имплементација.

Во делот за СЈО пак дека е потребно побрзо регулирање на неговиот статус и надлежности. За Кацарска токму статусот на СЈО е во фокусот на земјите-членки за носење на одлуката за датум за преговори со земјава.

„Очигледно е дека клучните земји-членки во ЕУ очекуваат напредок во однос на ова, до одлуката во јуни, и е еден од аспектите што стои како незавршена задача“, вели Симонида Кацарска од Институтот за европска политика.

Целиот разговор со Кацарска погледнете го во видеото:

Back To Top