skip to Main Content

Ексклузивно преставување на европски комплекс за возразни лица – голема домашна инвестиција!

Ексклузивно преставување на европски комплекс за возразни лица – голема домашна инвестиција!
  • 12.06.2018

„Европскиот комплекс за возрасни лица и мобилен сервис“ на територија на општина Карпош е предвидено да биде најголемото живеалиште за возрасни лица – пензионери во регионот и истото да обезбедува широк спектар на медицински и општи услуги за грижа и нега на активни и неактивни пензионери од државата и од странство.

Овој комплекс е презентиран и препознаен како проект од исклучително значење, но и проект од национален интерес за Р. Македонија.

Истиот е значаен за развојот на локалната заедница, развојот на туризмот, медицинскиот туризам, но и вкупната економија.

Заедничката цел и мисија на ГП Дрим Билдинг и МЕЃУНАРОДЕН СОЈУЗ СКОПЈЕ е да создаде заедница, каде клиентите ќе уживаат во приватноста, удобноста и здравствената сигурност која нуди широк опсег на медицинска грижа и нега со комплетно опремена здравствена установа со дијапазон на здравствени услуги, во функција на зачувување на здравјето и на најранливите клиенти на комплексот, но и сервис кој е предвидено да биде достапен и за надворешни корисници.

Без разлика дали клиентот има потреба од долг престој, краток престој, дневен престој или потреба од медицинска грижа и нега, „Европскиот комплекс“ ќе биде првиот и единствен избор што опфаќа бројни можности прилагодени на специфичните потреби на таргетираната заедница.

Услугите кои ги обезбедува овој центар се достапни и за домашни и странски корисници. Фокусот е ставен на потребите за удобност, приватност и медицинска сигурност на нашите корисници. Тоа се лица кои посветувале поголемо внимание на интимноста што некогаш им ја нудел сопствениот дом и го бараат истото и сега, во деновите на нивното пензионирање.

Целокупниот проект, само во првата фаза од инвестицијата ќе биде во можност да згрижи 360 корисници, што е за 50 корисници повеќе од  вкупниот број на згрижени во Република Македонија во сите приватни пензионерски установи.

„Европскиот комплекс и мобилен сервис за возрасни лица, всушност ќе претставува резиденцијален станбен комплекс за пензионери.

Медицински центар пак, ќе биде во можност да обезбедува широк спектар на здравствени услуги за резиденти и нерезиденти.

Истиот ќе биде изграден, опремен и управуван од стручни кадри и врвни професионалци во својата област.

Холистичкиот пристап и европските стандарди нужно подразбираат и „центар на заедницата“. Овој центар ќе опфати: супермаркет, фризерски салон, студио за масажа со физикална терапија, внатрешни и надворешни базени, ресторан, аптека, и др.

Во целина, ова ќе биде најголемо по големина и по обем на услуги, место за живеење и сместување на пензионери во земјата, кое поседува инфраструктура со која не само што ќе обезбедиме нега на постари лица, туку и станбени објекти за активни постари лица.

Коорпоративно-општествена одговорност

Мора да се потенцира и дека „Европскиот комплекс за возрасни лица“, претставува центар од огромно значење за општината и заедницата во која делува. Како најголема домашна инвестиција таа директно ќе влијае врз општинскиот буџет по основ на даночен прилив, зголемен број на трговски субјекти, но истата ќе придонесе и кон зголемување на бројот на странски гости од средно висока класа. Дополнително, инвестицијата поради специфичноста на дејноста во која ќе делува, по основ на долгорочни и времни вработување предвидува вработување помеѓу 145 и 200 лица. Токму поради ваквото значење од исклучителна важност е и локалната самоуправа да се постави како партнер и поддржувач.

Заменикот претседател на Меѓународниот сојуз, Јасна Мандиќ, која е во секторот на лица со попреченост и како претседател на „Ресурниот центар на родители на деца со посебни потреби“ и потпретседател на „Дајте ни крилја“, нагласи дека од исклучителна важност за ова општество е свесноста на овие компании дека општествената одговорност не го исклучува профитот.

-Како во сите цивилизациски општества се надевам дека и кај нас ќе стане рутинизиран дел од сите успешни бизнис приказни и општествената одговорност. А институциите ќе најдат доволно капацитет да го препознаат тоа и да го стимулираат“, вели Мандиќ.

На национално ниво во бизнис планот и обврските преземени од стратешкото партнерство, прифатен од страна на инвеститорот, 5% до 10% од вкупните вработувања во комплексот се наменети за лица со посебни потребни (вклучително на лица кои доѓаат/потекнуваат од локалната заедница).

Во својата програма инвеститорот предвидува 5% од своите капацитети да ги насочи кон сместување на лица од социјално загрозени категории по претходно дефинирани листи и категории без надомест, во соработка со општините и ресорните министерства.

Исто така, МЕЃУНАРОДЕН СОЈУЗ СКОПЈЕ и ГП Пелистер ќе отпочнат со изградба на „комплекс за возрасни лица и мобилен сервис“ и во Охрид и Битола.

Back To Top