skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
ЈО побара продолжување на притворот на Јанева за нови 30 дена
Калајџиев ќе биде предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за нов Јавен обвинител?
Алијанса за Албанците: Режимот ВМРО-ДУИ го монтираше, судовите на СДСМ-ДУИ пресудија, бараме меѓународна истрага за „Диво Насеље“
Македонија ги исполни сите услови – на ред е ЕУ

Десет најконтроверзни песни (Видео)

Десет најконтроверзни песни (Видео)
  • 24.07.2018

За да го подзаборавиме секојдневието сите се потпираме на нашите омилени звуци. Музиката ни овозможува да се впуштиме во некој непознат свет надвор од реалноста и бар за момент да заборавиме на грижите. Но, има песни кои предизвикуваат лавина различни реакции на слушателите. Уживајте!

  1. „Love Rollercoaster“ – Оhio Players

Оваа песна од фанк бендот „Играчи од Охајо“ предизвика негативна реакција од фановите поради шпекулациите околу песната. Кога стигнала до број еден во Јануари 1976 година песната се здобила со грозоморна репутација. На половината на песната се слуша женски вресок и фановите дошле до заклучок дека ова всушност е доказ дека некој го загубил животот за време на снимањето на песната. Луѓето тврдат дека врисокот е случајно снимен додека ја снимале песната од локално убиство. Но, за среќа никој не бил убиен и гласот слушнат на касетата е всушност на клавијатуристот. Следен пат кога некој ќе ви каже дека оваа песна го содржи гласот на убиена жртва кажете им дека се лажговци!

  • „ Ebenezer goode“ – Shamen

Во раните 90ти групата Шамен го стигна до првото место со нивната игрива песна „Еbenezer Goode“. Оваа навидум безопасна песна е придружена со расказ за лик по име Ибенизер Гуд. По  популарноста на песната се проширило тврдење дек песната е всушност љубовно писмо посветено на дрогата МДМА или Екстази. Поради таа причина, песната била забранета да биде пуштана по медиумите. Овој поттик предизвикал национална дебата за што се мисли со стиховите. Иако од тогаш песната била пуштана, групата тврди дека не е за дрога. Иако звучи како да е.

  • „Better by you, better by me“ – Judas Priest

Не е вообичанео да некоја песна што ќе ја напишете да ве однесе на суд но оваа е исклучок. Песната била препеана од веќе постоечка песна и била осудена поради тоа што народот сметал дека предизвикал еден адолесцент да изврши самоубиство. Се тврдело дека песната содржи сублиминални или покриени пораки како “Do it, do it” што народот мислел дека ги предизвикуваа адолесцентите да извршат самоубиство. За обвинението, пејачот на бендот кажал: „Aко веќе ставаме сублиминални пораки во нашите песни, тогаш ќњ биде за да купуваат повеќе плочи“.

  • „Оne in a Million“ – Guns n Roses

Рок бендот „Guns n Roses“ предизвика контроверзии кога песната „Оne in a Million“ каде пеачот Аксел Роуз користи хомофобични, расистички стихови како и што повикува на бунтување против полицијата. По објавувањето на песната Аксел и другите членови на бендот биле карактеризирани како расисти и ова обвинение стивна откако групата даде неколку изјави. Фронтменот на групата подоцна изјавил дека песната го потсетувала на неговата помлада верзија кога бил лут на светот, и иако употребувал навредувачки зборови тој немал намера да навреди некого. Уште поголема контроверзија произлегува од фактот дека Слеш, познатиот гитарист на групата е од различна раса. Ривалството на Слеш и Аксел е познато на голем број обожаватели.

  • „Cop Killer“ – Ice T

Oбјавена во 1992 од страна на раперот Ајс Ти и неговиот бенд песната предизвикала бура на реакции. Дошло и до националнна дебата во цела Америка. Раперот тврдел дека песната е поплака против полициската бруталност но насилните стихови повикувале физички напади врз полицијата. Многу луѓе исто така тврделе дека песната повикува на штрајкот кој се одржувал во Лос Анџелес. Па така песната била отстранета од медиумите. Ајс Ти велел дека во песната играл лик кој е преморен од полициската бруталност. Познато рекол: „Ако верувате дека сум убиец на полицајци, тогаш верувате дека Дејвид Бови е астронаут“.

  • „Blurred Lines“- Robin Thicke

Робин Тик се здружил со Ти Ај и Фарел Вилијамс за да ја создаде мегапопуларната „Blurred Lines“. Песната беше огромен хит во 2012 година но многумина новинари како и медиуми тврделе дека песната ги охрабрува мажите да упорнп се присилуваат  на жените и без нивна желба. Видеото исто така е одбелеано како мизогинистичко. На крајот, тројцата перформери биле однесени на суд затоа што песната била преработка од песна на познатиот Марвин Геј.

  • „Sympathy for the Devil“ – Rolling Stones

Рок музиката има голема репутација да доловува сатанистички елементи со цел да ги истражува тие теми или пак само за да предизвика контроверзии. Со нивната песна „Sympathy for the Devil“ како што и тврдел фронтменот Мик Џагер песната содржи хипнотизирачки ритам кој има големо влијание на слушателите. Стиховите се испеани како од самиот  Ѓавол или пак создадени од него. Бендот потоа бил класифициран како сатанистички и како да ги предизвикуваат младите слушатели да се свртат кон темната страна.

  • „Working Class Hero“ – John Lennon

Не секој артист може да долови толку конфронтација како     песната на Џон Ленон „Working Class Hero“. Во тој период Ленон само што ги напушти „Битлси“ и бил во бунтовно расположение. Со оваа песна како да се спротиставува на целиот свет стих, по стих. Не само што песната содржи пцовки кои не биле слушани до тогаш туку и ја опишува оделбата меѓу економските групи во државата. Ленон верувал дека оваа песна му овозможила да биде на тапет од страна на ЦИА.

  • „Look at your game girl“ – Guns n Roses

Да, групата Guns N Roses повторно се наоѓа на листава. Бијдејќи не биле задоволни со една контроверзна песна групата ја објавила „Look at your game girl“ која е акустична балада. Ви се чини невино, нели? Но песната не е одбележана на албумот бидејќи е всушност напишана од познатиот лидер на Менсон фамилијата, Чарлс Менсон. Доколку не знаете Чарлс Менсон им беше водач на сектата Менсон Семејство на кое им наредувал да масакрираат познати инфлуенцери на времето. Членовите на семејствата на жртвите биле толку навредени што парите добиени од албумот на бендот биле донирани на семејствата на жртвите.

  • „Strange Fruit“ – Billy Holiday

Не сите промени се со лоши намери, некои само сакаат да предизвикаат промена. Да разбереме дека лоши работи се случуваат во светот и дека ние ја имаме моќта да ги промениме. Оргинално стиховите поттекнуваат од поема на Ајбел Мирпул а биле препеани од Били Холидеј. Песната соджи огромна порака против расистичките убивања во 1930 година. Ајбел видел таква слика што му се вмрежала во меморијата со години. Многу продуценти одбиле да ја снимаат песната поради реалистичкиот долов на убиствата но кога Холидеј конечно ја снимила, песната станала нејзиниот најголем хит.

Back To Top