skip to Main Content

Граѓанскиот сектор може да помогне, но не и да ги води преговорите со ЕУ

Граѓанскиот сектор може да помогне, но не и да ги води преговорите со ЕУ
  • 17.04.2019

Граѓанскиот сектор може да помогне во процесот на преговорите со ЕУ, но не и да го води. Товарот мора да го носи јавната администрација, за која во моментот клучен проблем е партизацијата. Ова е ставот на претставниците на НВО секторот, откако минатата недела министерот Манчевски побара помош затоа што Владата немала доволно капацитет и ресурси за преговори со ЕУ.

– Искуството од другите земји покажува дека јадрото кое што ги води преговорите мора да биде од администрацијата. Бидејки преговорите ќе траат долго, вели Симонида Кацарсака

– Не може да се очекува дека граѓанскиот сектор ќе биде круцијален фактор во поминување на тој процес. Пред се треба да постои надградување на капацитетите на јавната администрација, а тоа не може да се случи доколку и понатаму постои партизација на државната администрација.

Наодите од Нацрт Извештајот во сенка за Поглавјето 23, покажуваат дека генерално има напредок.

Во делот на правосудството е забележано дека се усвоени клучни реформски закони, Законот за судовите, за судскиот совет –  но засега недостасува нивна имплементација. Во врска со СЈО пак е потребно побрзо регулирање на неговиот статус.

– Во фокусот на земјите членки како ќе се задржи независноста на СЈО и како ќе се вгради во системот на ЈО. Клучните земји членки на ЕУ очекуваат напредок во однос на ова до одлуката во јуни.

Се нотира напредок и во делот на човековите права – особено со носењето на законите за спречување на дискриминација и за спречување на бременост. Забелешки пак има за условите во затворите, за ЛГБТ правата и за Ромите кои не можат да ги остварат основните човекови права.

Иако е забележано зголемување на јавната свест за говорот на омраза, во 2018та година споредено со претходната 2017 година, регистрирано е удвојување на делата кои се сторени од омраза. А дури 60 отсто од нив се етнички мотивирани.

Лепа Џундева

Back To Top