skip to Main Content

Гошаревски: Преспанското езеро во минатото нѐ одвојуваше со Грција, а сега нѐ обединува

Гошаревски: Преспанското езеро во минатото нѐ одвојуваше со Грција, а сега нѐ обединува
  • 15.06.2019

Почна манифестацијата „Запознај ја Преспа“. Со промоција на традицијата, храната, но и политика во пресрет на една година од потпишувањето на преспанскиот договор. Од манфестацијата известуваше Лепа Џундева која зборуваше со градоначалникот на Ресен, Живко Гошаревски. Гошаревски вели дека како резултат на Преспанскиот договор се започнати активностите околу преминот Маркова нога, како и повеќе преку гранични проекти.

-Тука може веќе да се почувствува разлика, како резултат на тој Преспански договор беше почнувањето на активностите околу преминот Маркова нога, кој ќе значи многу за овој регион. Како општина почнавме преку гранични проекти, работиме на три, се интензивираат овие активност. Преспанското езеро беше тоа што нѐ одвојуваше во минатото, а сега е обединувачки фактор и тоа е она што не радува и како резултат на тоа сите заедно направивме една студија во која имаме јасни цели да ја издигнеме Преспа како модерна туристичка дестинација која ќе се знае и подалеку, истакна Гошаревски.

За преминот Маркова нога вели дека се формирани работни групи и дека преговорите се интензивираат.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

Back To Top